• Latest
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува за работата на ДКСК и за индексот на перцепција на корупцијата

February 6, 2022

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува за работата на ДКСК и за индексот на перцепција на корупцијата

February 6, 2022 12:23
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookShare on Twitter

Тврдењето дека Антикорупциска комисија работи по инструкции на СДСМ е тенденциозно и неосновно, а тоа се гледа по предметите коишто ги имаат отворено. Само изминатата година ДКСК, меѓу другото, отворила предмет за Драги Рашковски кој беше Генерален секретар на Владата, за поранешниот функционер на СДСМ, Рубинчо Заревски кој добил грант од Фондот за иновации, потоа за лицата кои учествувале во донесувањето на Деталниот урбанистички план за „Холидеј ин“, како и прекршочни глоби за 710 поранешни функционери кои не поднеле анкетен лист. Исто така, ВМРО-ДПМНЕ ја спинува вистината кога вели дека Северна Македонија е на дното по индексот на корупцијата. Според последниот индекс за перцепција на корупцијата, објавен од страна на Транспаренси интернешнл, Северна Македонија „рипна“ за 24 места и се наоѓа на 87 место на листа од 180 земји, додека лани бевме на 111 место,пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин.

На прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, портпаролот на партијата, Димче Арсовски изнесе став за Антикорупциската комисија во којшто можеме да препознаеме два спина:

Спин 1: Антикорупциската комисија дефинитивно спие или евентуално не добиле инструкции (на СДСМ н.з.) дали смеат да отворат случај за овој предмет, а можат да отворат уште денес.

Спин 2: Ако на некој не му е јасно зошто сме на дното по индексот на корупција, тоа е затоа што не добиле сѐ уште антикорупционерите инструкција да отворат случаи за вакви работи и едноставно да ги средат и санираат.

На целата држава и јавност им е јасно како функционира антикорупциската комисија. Дали можеби нивниот молк е затоа што корупцијата потекнува од таа институција?

(Извор: веб-страница на ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК чека инструкции од СДСМ дали смее да отвори случај за Калеска-Ванчева; датум: 28.01.2022)

Контраспин: Овој став на портпаролот на  ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски  е искажан откако партијата обвини дека адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, за кои тие тврдат дека е на пратеничката од редовите на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева, наплатило 55.000 евра од државните институции кои ги раководеле кадри на СДСМ.

Но, изнесените напади кон Антикорупциската комисија во однос на овој случај ги сметаме за неосновани. Ваквиот став за Комисијата е генерализиран и без конкретни докази. Антикорупциска комисија има посебни правила и процедури како покренува постапка односно како отвора предмет и како одлучува по тие предмети. Државната комисија постапува по сопствена иницијатива или по поднесена пријава. Она што ВМРО-ДПМНЕ не го кажува е дали воопшто поднеле пријава за овој случај, по којшто ДКСК треба да одлучува.

Освен тоа, процедурата на ДКСК од покренување предмет до одлучување е комплексна и не се случува веднаш, а тоа е пропишано во неколку членови од Деловникот за работа на ДКСК:

    Член 21

За прашања од својата надлежност утврдени со закон, Државната комисија одлучува на седница.

Член 22

По приемот на писмениот предлог за свикување на седница, Претседателот односно заменик-претседателот на Државата комисија е должен да ја закаже седницата и да ја свика Државната комисија во рок од 3 дена.

      Член 24

Одлуката за свикување седница на Државната комисија заедно со предлогот на дневниот ред и материјалите по прашањата што се предлагаат за дневниот ред за седницата им се доставуваат на членовите најмалку три работни денови пред денот определен за одржување на седницата.

       Член 36

Државната комисија постапува по сопствена иницијатива или по поднесена пријава.

За постапување по сопствена иницијатива Државната комисија носи заклучок на состанок на колегиум врз основа на што се изготвува службена белешка за оформување на предмет.

Пријавата се поднесува во писмена форма преку архивата на Државната комисија или во електронска форма.

         Член 37

Постапувањето по оформен предмет се смета за започнато со преземањето на првото дејствие на членот или претседателот на Државната комисија на кого му е распределен предметот.

    Член 38

Државната комисија ќе постапи по поднесена пријава ако од наводите и доказите приложени кон пријавата или од сознанија добиени на друг начин, основано произлегува дека е загрозен јавниот интерес од страна на службените лица при вршење на јавните овластувања и службената должност.

Тврдењето дека Антикорупциска комисија работи по инструкции на СДСМ е неточно и тоа се гледа по предметите коишто ги имаат отворено. Само изминатата година ДКСК, меѓу другото, отворила предмет за Драги Рашковски кој беше Генерален секретар на Владата, за поранешниот функционер на СДСМ, Рубинчо Заревски кој добил грант од Фондот за иновации, потоа за лицата кои учествувале во донесувањето на Деталниот урбанистички план за „Холидеј ин“, како и прекршочни глоби за 710 поранешни функционери кои не поднеле анкетен лист.

По прозивките од ВМРО-ДПМНЕ, со реакција се јавија и од Комисијата од каде велат дека се изненадени од изјавите на политички партии кои се обидуваат работењето на Комисијата да го искористат за дневно политички пресметки.

– Ваквите неаргументирани напади се штетни за институциите, го рушат нивниот интегритет, истовремено го рушат и интегритетот на политичките партии и создаваат општа недоверба во јавноста. ДКСК постапува во рамките на своите законски надлежности, неселективно ги разгледува доставените пријави, отвора предмети по сопствена иницијатива, а своите одлуки ги носи на јавна седница. За тоа говорат и фактите, имено само минатата година Комисијата донесе одлука за 479 предмети, велат од ДКСК.

Според податоците за работењето на Комисијата во 2021 година, биле отворени 788 предмети по иницијатива на ДКСК, биле доставени 704 пријави од граѓани, здруженија, институции со сомневање за постоење корупција, злоупотреба и судир на интереси и побарани мислења од ДКСК.

За време на прес-конференцијата беше изнесен уште еден спин, дека Северна Македонија е на дното по индексот на корупцијата.

Ова, исто така, е неточно и целосно извртување на вистината. Всушност реалноста е дека имаме напредок во ова поле. Според последниот индекс на перцепција на корупцијата, објавен од страна на Транспаренси интернешнл, Северна Македонија „рипна“ за 24 места. Оваа година државата се наоѓа на 87 место на листа од 180 земји, додека минатата година бевме на 111 место.

Оттука, тврдењата дека ДКСК работи само по инструкции на СДСМ и дека државата е на дното по индексот на корупцијата, ги сметаме за класични спинови, пишува „Вистиномер“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ