• Latest

Контроверзите на „Диво насеље“: Кога и како е убиен Ндрецај?

July 26, 2016
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Контроверзите на „Диво насеље“: Кога и како е убиен Ндрецај?

July 26, 2016 18:19
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дел од адвокатите на притворените за „кумановската војна“, реагираа во медиумите на албански јазик, дека по обелоденувањето на исказот на еден заштитен сведок – оти Мирсад Ндрецај, кој официјално загинал во престрелките, сепак, бил уапсен жив по кумановската акција, нивните клиенти биле повредени од полициско насилство, пред и за време на транспортот од судницата кон притворот

Последното рочиште на судењето на уапсените за „кумановската војна“ во која животот го загубија осумина полицајци и 14 учесници на вооружената група, беше прекинато, наводно, поради дефект на електричната енергија, но во етнички-албанскиот дел од македонската јавност, веднаш се прошири тезата дека вистинската причина за прекинот бил „дефектот“ што го предизвикала изјава на заштитен сведок.

dsc_0162-500x333

Имено, на прашање на еден од адвокатите – дали заштитениот сведок по акцијата го уапсил Мирсад Ндрецај, тој одговорил дека Ндрецај, кој, според официјалното соопштение загинал во престрелките, го уапсил жив – негов колега, полицаец.

По тој повод, министерот за внатрешни работи Митко Чавков, на прашање на ТВ Алсат – М, одговори дека најверојатно, полицаецот се збунил во текот на давањето на изјавата: „Слушнав дека тоа било на самата судска седница, меѓутоа, верувам дека одбраната и обвинителството ќе ја расчистат оваа дилема или, не знам како да ја наречам. Мислам дека тоа не е дилема, но е некоја забуна во текот на давањето на изјавата. Значи, треба да имате разбирање и за психолошките моменти додека траат вакви процеси”, изјави Чавков.

download

Адвокатот Насер Рауфи, бранител на учесник во кумановските настани, за ТВ Алсат – М ја прокоментира изјавата на министерот Чавков: „Јас мислам дека овие коментари немат основа, особено од лице кое не било присутно во салата, но дури и да било присутно, законот забранува секој коментар за прашањата на сведокот. Мислам дека забуна е изјавата на министерот, а не изјавата на заштитениот сведок“.

Рауфи во „Лајм“ го отвори и прашањето за наводното насилство врз неговиот клиент Севдаил Мифтари, кога во подрумот на судскиот објект, пред транспортот до притворот, припадници на специјалната полициска единица наводно му ја скршиле ногата. Иако не му било овозможено да го види лично клиентот, Рауф тврди дека семејството на клиентот го убедило дека навистина се работи за малтретирање и повредување на Мифтари.

И според други изјави во медиуми на албански јазик, адвокатите на дел од притворените, наведуваат дека имало насилство и врз Анди Красниќи („Командант Малишева“), Дем Шеху и Екрем Арифи.

Реагираше и Воислав Стојановски од Хелсиншкиот комитет, кој изјави за „Лајм“ дека Судот не им дозволил да ги посети притворениците. „Ние веднаш баравме да ги посетиме овие притвореници, за кои има тврдења дека биле повредени, па дури, имало и сериозни повреди, на пример, кршење на вилица, модринки на телото… Побаравме дозвола да ги посетиме во затворот. Во нормални услови, Судот секогаш ни дозволува да ги посетиме притворениците, но во овој случај, не ни беше дозволено вакво нешто. Со тоа, не можеме да потврдиме што навистина се случило, но мислиме дека имало насилство кон нив“, изјави Стојановски за „Лајм“.


Б. Мемиши

Tags: Диво НасељеКумановоМирсад НдрецајМитко ЧавковНасер РауфиПолициско насилство
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ