• Latest

Коњуфца ги исфрли од парламентарна седница пратениците од „Српска листа“ поради нивно шестмесечно отсуство

December 7, 2024

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Коњуфца ги исфрли од парламентарна седница пратениците од „Српска листа“ поради нивно шестмесечно отсуство

December 7, 2024 11:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на косовскиот парламент Глаук Коњуфца во четвртокот вечерта ја прекина собраниската седница за да го спречи учеството на српските пратеници од Српската листа. Српските пратеници дојдоа во собраниската сала по речиси шест месеци отсуство, но беа спречени да седнат од пратениците на Движењето Ветевендосје, партијата предводена од премиерот Албин Курти, пренесуваат косовските медиуми.

Претседателот на собранието Глаук Коњуфца ги обвини деветтемина пратеници на Српската листа за, како што рече, „провокација и злоупотреба на парите на даночните обврзници со појавување само еднаш на шест месеци“.

Пратениците на Српската листа до сега без пречки се потпишуваа на седниците на собранието.

„Им се обраќам на пратениците на Српската листа кои доаѓаат и провоцираат на овој начин, авистина е нетолерантно ваквото однесување и доаѓањето во Собрание еднаш на шест месеци,  за да ги злоупотребуваат парите на даночните обврзници. Од друга страна, вие се борите со Косово со секое можно средство. Одите и му стоите на готовс на вашиот шеф криминалец Милан Радоичиќ, и се осмелувате да дојдете  во Собранието на Косово. Срам да ви е, оваа седница се прекинува и ве замолувам да ја ослободите сала“, рече Коњуфца.

Милан Радоичиќ, поранешен потпретседател на Српската листа, ја презеде одговорноста за нападот на 25 септември 2023 година на северот на Косово во Бањска каде беше убиен наредник на косовската полиција.

Најголемата партија на косовските Срби „Српска листа“ е претставена со девет од десет места резервирани за српското малцинство во Собранието на Косово. Но, од 2022 година тие континуирано не учествуваат на седниците на парламентот, како знак на незадоволство од постапките на косовската влада на северот на земјата.

Од крајот на 2022 година на седници се појавуваат само на секои шест месеци за да се потпишат, за да не ги загубат мандатите и да земат пратеничка плата. Според законот за пратеници, пратеникот го губи мандатот само ако не учествува на седници подолго од шест месеци.

Реакции

Две албански опозициски партии во Собранието, Демократската партија на Косово и Демократската лига на Косово, реагираа на попречувањето на Српската листа. Шефот на пратеничката група на ЛДК, Арбен Гаши за локалните медиуми изјави дека „ниту еден пратеник нема право да спречи друг пратеник да влезе во салата“.

Пратеничката на Демократската партија на Косово, Ганимете Муслиу, рече дека реакцијата на претседателот на Собранието Коњуфца и пратениците на Движењето Ветевендосје е дел од изборната кампања.  Таа потсети дека пред една година упатила барање. како што вели таа, „за нетолерирање на практиката пратениците доаѓаат само да се потпишат и да ги земат парите на даночните обврзници, нанесувајќи и штета на Република Косово“.

Официјалната реакција на Белград преку српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ се изнесе веднаш по случувањата

Ѓуриќ изјави дека  акцијата  во Парламентот на Косово е акција на движењето Ветевендосје, кое, според него, има за цел да го блокира учеството на српските пратеници на седницата и насилно да сака да им ги земе мандатите“.

Ѓуриќ ги повика западните дипломати да реагираат на овој настан и да „обезбедат заштита на демократските процеси и малцинските права на Косово“.

Реагираше и директорот на Канцеларијата за Косово во српската влада, Петар Петковиќ, кој рече дека  акцијата покажува дека Српската листа е пречка за премиерот Албин Курти, бидејќи ги штити интересите на српскиот народ.

Д. Т. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ