Неколку десетици илјади лица вечерва се собраа на концерт на стадион во Барселона за да им изразат поддршка на десетмината приведени каталонски сепаратистички лидери, за чие евентуално ослободување од притвор в понеделник ќе решава Врховниот суд на Шпанија.
Присутните на концертот, кој беше директно пренесуван преку социјалните мрежи, носеа жолти знаменца на кои на каталонски и англиски јазик пишуваше: „Република Каталонија – Слобода – Политички затвореници“.
Организатор на концертот беше граѓанското сепаратиситчко движење Каталонско национално собрание, кое соопшти дека целта на манифестацијата е прибирање средства за поддршка на „каталонските политички затвореници“.
Според движењето, за концертот биле продадени околу 45.000 билети, чија цена се движеше меѓу 10 и 30 евра.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.