• Latest
Специјален координатор на ОН за мировниот процес на Блискиот Исток, Тор Венесланд, медиумска активност (ОН Фото/Лои Фелипе - 28 ноември 2022 година)

Координаторот на ОН за Блискиот Исток повика на деескалација откако Хамнеи наредил директен напад врз Израел

August 2, 2024

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

Координаторот на ОН за Блискиот Исток повика на деескалација откако Хамнеи наредил директен напад врз Израел

Цитирајќи тројца неименувани ирански функционери информирани за ова прашање, вклучително и двајца членови на Револуционерната гарда, Њујорк Тајмс објави дека иранскиот врховен лидер Али Хамнеи наредил директен напад врз Израел по убиството на шефот на Хамас, Исмаил Ханије.

August 2, 2024 20:48
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ТОП 5
Специјален координатор на ОН за мировниот процес на Блискиот Исток, Тор Венесланд, медиумска активност (ОН Фото/Лои Фелипе - 28 ноември 2022 година)

Специјален координатор на ОН за мировниот процес на Блискиот Исток, Тор Венесланд, медиумска активност (ОН Фото/Лои Фелипе - 28 ноември 2022 година)

Share on FacebookShare on Twitter

Специјалниот координатор на ОН за мировниот процес на Блискиот Исток Тор Венсланд денеска повика на регионална деескалација на конфликтот откако политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, беше убиен во средата во Техеран.

– Изминатите денови разговарав со релевантните страни и држави во регионот, вклучувајќи ги Либан, Египет и Катар, со цел поддршка на регионалната деескалација. Испитавме и истраживме начини да го спречиме прелевањето на конфликтот, рече Венсланд во изјава за состојбата на Блискиот Исток што ја дистрибуираше УНСЦО.

Тој Ја истакна итноста за справување со зголемениот ризик од сериозна ескалација, што претставува суштинска закана за регионалната стабилност.

Ги испитавме тековните напори за посредување и деескалација на ситуацијата и истраживме начини за спречување на прелевање на конфликтот, нагласи Венсланд.

Специјалниот координатор на ОН ја потврди потребата од итна, координирана акција за да се спречи натамошно влошување на ситуацијата.

Клучно е да дејствуваме решително и колективно за да се справиме со непосредните закани и да поставиме основа за траен мир, вели Тор Венсланд.

Венсланд нагласи дека ќе продолжи со мојот активен ангажман со сите релевантни страни за поддршка на мирот и стабилноста во регионот“.

Иран го обвини Израел за убиството на Ханија, а Тел Авив не ја потврди ниту негираше улогата во смртта на политичкиот лидер на Хамас. Врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи, изјави во средата дека Иран е „должен“ да ја освети смртта на Ханија.

Како што пренесува Тајмс оф Исраел, иранскиот врховен лидер Али Хамнеи наредил директен напад врз Израел по убиството на шефот на Хамас, Исмаил Ханије. Според извештајот од средата, тој и другите високи ирански претставници ветија дека ќе одговорат на атентатот на палестинскиот шеф во Техеран.

Цитирајќи тројца неименувани ирански функционери информирани за ова прашање, вклучително и двајца членови на Револуционерната гарда, Њујорк Тајмс објави дека Хамнеи ја дал директивата на вонредниот состанок на Врховниот совет за национална безбедност одржан кратко откако беше објавено убиството на Ханије во средата наутро.

Како дел од наредбата, официјалните лица рекоа дека Хамнеи им рекол на командантите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда и иранската армија да подготват планови за напад и одбрана „во случај војната да се прошири и Израел или САД да го нападнат Иран“.

Драган Мишев

Tags: деескалацијаИранСпецијалниот координатор на ОН за мировниот процес на Блискиот ИстокХамас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ