• Latest
Photo by Glenn Carstens-Peters on Unsplash

„Копирајт тролинг“ – заштита на авторски права или обид за замолчување на медиумите?

June 23, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Копирајт тролинг“ – заштита на авторски права или обид за замолчување на медиумите?

June 23, 2021 20:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Photo by Glenn Carstens-Peters on Unsplash

Photo by Glenn Carstens-Peters on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

„Копирајт тролингот“ (copyright trolling) или злоупотребата на авторските права на голема врата влегува во земјава. Негативниот феномен што започна да се појавува кон средината на минатата деценија низ развиените земји се прошири и во Македонија, со закани на одредени личности и компании преку адвокатски друштва дека ќе покренат судски постапки против медиумски куќи поради прекршување на авторските права за преземени фотографии.

Во својата суштина, „копирајт тролингот“ означува константни закани за тужба од носителот на авторските права над одредени фотографии кон медиумските куќи што ја презеле фотографијата при медиумското известување. Вообичаено, ваквите електронски кореспонденции со медиумите започнуваат со барање за финансиска отштета во износ од неколку илјади евра поради преземена фотографија, кои траат во период од повеќе месеци со „преговарање“ на адвокатите за финансискиот износ што треба да го добијат за преземената содржина. Доколку не успеат да ја добијат неразумно големата сума финансии што ја наумиле, во немал број случаи доаѓа до судски процес против медиумските куќи.

Уценувачки закани за исплата на големи суми пари, во спротивно тужба

Новинската агенција Мета.мк пред повеќе од една година доби ваква закана за тужба преку допис од адвокат во една европска земја за фотографија преземена во 2016 година. Дописот се однесува на фотографија од Есма Реџепова на концерт кој се одржал одамна, но била користена од повеќе медиуми кога почина познатата македонска пејачка.

Официјалната преписка трае подолг период со тоа што по правило сите дописи од странскиот адвокат завршуваат со барање за исплата на огромна сума на пари и наведена жиро сметка на која треба да се исплатат до одреден датум. Доколку не се исплатат, се заканува тужба.

Но, и по повеќекратното изминување на овој датум, повторно се праќа допис со нов рок до кој треба да се уплатат парите, а во спротивно ќе следува тужба. И тоа трае повеќе од една година.

Адвокатот Валентин Пепељугоски за Мета.мк вели дека почитувањето и заштитата на авторското право е цивилизациска придобивка и зборува за степенот на развој на едно општество. Сепак, злоупотребата на авторските права се случува во ситуации кога авторите или носителите на правата бараат многукратно повисок износ, со цел другата страна да го одбие плаќањето. Во вакви случаи, авторите или носителите на авторските права покренуваат судска постапка каде за судски трошоци ќе бидат досудени многукратно поголеми износи, со кои се подмирува авторот и адвокатот кој го води процесот.

„Да се разбереме, никој не е против заштитата на авторското право, но ова е класична злоупотреба и судиите треба да го спречат тоа. Не може за договорно користење да платите 500 евра а од судска постапка да заработите 5.000 евра“, вели адвокатот Пепељугоски.

Во изминатиов период, акцентот на ваквите тужби е ставен првенствено на фотографиите, бидејќи постојат софтвери и специјализирани агенции кои можат автоматизирано да ја откријат употребата на фотографиите. Адвокатот Пепељугоски додава дека земјава не е подготвена да се справи со копирајт тролингот, бидејќи повеќето од медиумите немаат правни советници за да ја следат состојбата со авторските права и нејзините злоупотреби, додека судиите и вештаците немаат доволни познавања од оваа материја.

Врховниот суд со одлука спротивна од одлуките на Апелациониот и на Основниот суд

Сличен случај кој се однесува на авторски права врз фотографија од познат пејач од регионот, која е објавена одамна и преземена од повеќе медиуми, на почетокот на јуни годинава ја доживеа својата завршница пред Врховниот суд. Во дадениот случај, огромни суми пари беа наплатени од повеќе медиуми во земјава во тужба од српски фотограф кого го застапува македонска адвокатка. И Основниот и Апелациониот суд пресудија против медиумите и во полза на фотографот, а парите за отштета и за судски трошоци се веќе наплатени.

Но, спротивно од Основниот и од Апелациониот суд, врховните судии одлучија тужбеното барање на фотографот да го одбијат како неосновано. Притоа, го задолжија тужителот, фотографот од Србија, да им ги надомести наплатените средства плус дополнителните трошоци. Врховниот суд, во две посебни одлуки, за медиумите ТВ Сител и Факултети.мк одлучи тужителот да им исплати 462.356 денари (Сител) и 659.856 денари (Факултети.мк) во рок од 15 дена од приемот на пресудата.

Во одлуката на Врховниот суд се вели дека тужителот не доставил никаков доказ дека спорната фотографија претставува негово авторско дело и дека тој ја има фотографирано со согласност на пејачот на концерт организиран во март 1988 година.

Исто така, во одлуката на судот е посочено дека фотографијата не може да претставува релевантен доказ бидејќи истата е достапна на интернет пребарувач на GOOGLE, па за истата не може да се направи проверка кој е авторот, ниту има насоки каде може да се добијат вакви информации.

Дополнително се вели дека судовите од пониските инстанци донеле одлука дека се повредени авторските права во овој случај само преку доставени копии од принт-скринови од објави, кои при поднесување на тужбата се непостоечки и на нив не може да се пристапи од интернет пребарувач.

Во Србија новинарските здруженија организираат јавни дебати за ваквите проблеми

Во соседна Србија, праксата за масовно тужење на медиуми поради прекршување на авторските права стана актуелна пред неколку години, кога за кратко време беа тужени неколку медиумски куќи, а во практиката судските случаи завршија најчесто во корист на фотографите со досудени илјадници или десетици илјади евра финансиска штета, плус надоместок на судските трошоци. Како резултат на ова, пресудите против медиумите го довеле до борба за опстанок работењето на некои медиумски куќи, вклучувајќи го и исплаќањето на редовните надоместоци на вработените новинари и медиумски работници. За фотографија на еден автор вообичаено се доведуваат под закана платите на десетици медиумски работници поради неразумно високите надоместоци од судските спорови.

Српскиот „е-новине“ е првиот медиум што згаснал поради барањата за отштета од одредени автори на фотографии, чии дела биле преземени без посебен договор. Независното здружение на новинари на Србија уште пред пет години реагираше дека и кражбата на фотографии, но и тужбите против медиумските куќи за вакви дела се всушност „потоп“ за самите медиуми. Тие тогаш го објавија и неофицијалниот ценовник на Асоцијацијата за медиуми, кој опфаќа исплата на надоместок на авторот/носителот на делото од 10 евра за обична архивска фотографија до максимум 500 евра за ексклузивна фотографија од актуелен настан. Ваквиот ценовник бил изработен врз основа на секојдневната пракса, која дава реално мислење за цената на чинење на фотографиите во Србија.

Сепак, и покрај ова, бесмислените тужби и злоупотреби на авторските права против медиумите продолжиле во Србија, што доведе до тоа новинарските здруженија да организираат конференции на кои темата се дебатирала меѓу фотографите како сопственици на авторските права и медиумите како корисници на фотографиите. Независното здружение на новинари на Војводина известува за организирана дебата од 2017 година, на која фотографите, адвокатите и претставниците на медиумите заклучиле дека е неопходна комуникација помеѓу фотографите и медиумите за да се надминат огромните разлики околу толкувањето на законодавството што ги регулира авторските права.

Во Македонија медиумите се оставени сами на себе

Во случајот со Македонија, адвокатот Пепељугоски вели дека медиумите не треба да користат туѓи авторски права без претходно да ги откупат нив. Сепак, неопходно е и здруженијата на фотографи и медиумите да објават свои официјални ценовници за користење на фотографиите. Тој додава дека судиите во покренатите постапки треба да внимаваат на начелата на злоупотреба на правото и да не дозволуваат наплата на непотребни трошоци, а потребна е обука и специјализација за судиите кои ги водат ваквите предмети. Воедно, во медиумите треба да се засноваат работните односи со договори кои ќе ја регулираат сопственоста на авторските права.

„Постојниот закон за авторско право ќе мора час поскоро да се усогласи со т.н. Дигитална директива за авторско право на ЕУ. Таму има одредени одредби кои ги регулираат правото на информираност на граѓаните и досудување на паричен а не пазарен надоместок за неовластено користење“, појаснува Пепељугоски, кој на сите им препорачува да ги користат алтернативните начини на решавање на споровите и вонсудско договарање за решавање на споровите.

Уште една алтернатива за избегнување на вакви спорови е непрофитната организација Криејтив Комонс, која има издадено неколку отворени авторски лиценци, кои им овозможуваат на творците на фотографии преку овие лиценци да соопштат кои права ги задржуваат, а од кои права се откажуваат во корист на сите субјекти што би ги користеле во иднина, па дури и ако би ги модификувале ваквите содржини.

Фондацијата Метаморфозис во земјава со години наназад за сите нејзини содржини што ги создава и како граѓанско здружение, но и преку медиумите Мета, Порталб и Вистиномер, заедно со публикациите што ги објавува, ги користи лиценците на Криејтив Комонс, кои се јасно наведени на самите веб-страници со години наназад. /МЕТА 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ