• Latest

Копнеж за моето Скопје

July 20, 2016

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Копнеж за моето Скопје

July 20, 2016 12:10
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Иако деновиве летото се занесува и се преправа дека е есен, сепак, преубаво време е да се шета низ Македонија и да се посетат локациите на кои порано се  сеќаваме како поубави, а сега се деформирани. Особено, мојот роден град, Скопје, кое со своите дрвја нé „покриваше“ во топлите денови, нé опиваше со мирисот на липите, додека клупите на плоштадот и паркот, секогаш беа зафатени од скопјани, кои го сакаа својот град…

Пишува: Ермин Климента
Пишува: Ермин Климента

А сега? Дрвјата ги исекоа, а зградите ги залепија со стиропор… Сега, ве предизвикувам да одите на централниот плоштад и да се обидете да поминете со отворени очи, под сончевите зраци кои се одбиваат од мермерот (што и да се, тоа, плочите) и блескаат толку силно, што сите кои не носат очила за сонце, или како мене, не можат да ги носат, мораат да ги покријат очите со раце, и да протрчуваат водејќи се според останатите сетила.

Објаснете ми, ве молам, како градот што некогаш го ширеше духот и харизмата на „град на солидарноста“ и зрачеше со позитивни емоции, градот што покануваше луѓе од целиот свет во својата прегратка, сега е само кулиса на хорор-филмот на една власт, која гајле нема ни за престолнината, ни за државата, сосе „народот“? Дали е во ред, цели 10 години од својот живот, да ги поминам под таква власт? Да гледам секојдневно, порано, на патот кон училиштето со автобус, или сега, на патот кон работа со автомобил, како мојот најомилен град на светот, се распарчува пред моите очи? Како се претвора во сопствена карикатура, во приказна за мајтапење, во невиден кич, за кој веќе и нема надеж за враќање на старо и поправање на резилот…

Ги мислам овие работи секојдневно, додека возам по улиците на мојот град и набљудувам како лицата на скопјани се сé потажни и подепресивни… Знам дека не може човек лесно да се оттргне од оваа тага. Со убивањето на скопскиот дух, дури и да дојде друга партија на власт, и премногу тешко ќе биде враќањето на насмевките на лицата на скопјаните, заталкани во кулисите на експериментот „Скопје 2014“, креиран од луѓе кои го мразеа и мразат Скопје. Луѓе кои го мразат Градот!

Едноставно, не го препознавам и не сакам да сум како заталкан туѓинец во својот град. Не сакам креаторите на овој панаѓур да ме сметаат за државен непријател, за непријател на земјата во која сум роден и живеам, еве, до вчера, полни 24 години. Не сакам да си заминам од моето Скопје. Сакам да го спасам од оние кои го мразат…

Не сакам да си заминам.

Сé уште…

Поздрав на моите скопјани! До оние кои го сакаа и го сакаат својот град. Оние кои ќе го бранат од понатамошно масакрирање.

Tags: SkopjeГлавен ГрадЕрмин КлиментаколумнаМакедонијаПротестислободна мислаЦивил – Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ