пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Во оваа тешка психолошка состојба за сите нас, вистински одговор на уметноста е да биде таа, што ќе го држи кренат духот на луѓето и ќе се грижи за нивното ментално здравје.
Ја имаме таа среќа што многу наши уметници, музичари, актери… одговорија на тој предизвик. Иако се соочуваат со голем економски удар, тие се креативни, и преку нивната уметност, некои самостојно од дома, некои преку концертите организирани од културните институции и општините, и преку други форми, придонесуваат нашето време, колку-толку, да биде исполнето и со душевна храна.
Секако, ја имаме и несреќата дел од нашите уметници дури и во ваква криза да шират дезинформации, лаги, да учествуваат во хајки против колеги, да поттикнуваат омраза… наместо да творат.
За мене лично, во таквиот општествен однос и ангажираност, всушност, секогаш и лежела разликата. Помеѓу уметниците и – „уметниците“.