-За жал, овие години видовме дека некој глуми дека е за ЕУ, а во суштина излезе дека не се. Референдумите практично го трошат нашето време и ништо повеќе, вели колумнистката Никица Корубин говорејќи на панел дискусијата организирана од ЦИВИЛ под наслов: „Зад димната завеса: Со референдумот, или на него“.
-Референдумите и занимавањето со анти-европска реторика, во основа е само продолжение или реакција на отпочнувањето на преговорите. Или со други зборови – се она што не успеа да се спречи околу официјалниот старт на преговорите, сега го имаме во форма на референдуми, каде што ВМРО-ДПМНЕ се обиде да го замаскира во истиот стил и начин, не само со протеститите, туку и со сетата реторика година наназад, задскривајќи се „зад одбранатата на идентитетот“, вели Корубин.
Д. Варошлија
Камера: Горан Наумовски
монтажа: Ариан Мехмети