• Latest

Корупцијата е предавство на народот и на земјата!

July 21, 2023

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Корупцијата е предавство на народот и на земјата!

July 21, 2023 13:26
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

НАЗМИ АБДУРАХМАНИ

Вчера, речиси во сите дебатни емисии што се емитуваа на нашиот етер, дефиницијата за корупцијата како што ја разбира нејзината екселенција, американската амбасадорка Ангела Агелер, не беше тема на дебата. А што кажа таа?

„Злоупотребата на моќ, перењето пари, корупцијата на Орце Камчев е предавство и на народот во земјата“, рече амбасадорката Агелер. Да ова е дефиниција на предавник и патриот во современиот свет. Тој кон кој се стремиме да одиме, дека тој што го пљачка или врши влијание за сопствени цели во сопствената куќа (држава) не е патриот туку е предавник. И тоа од најлошите.

Отсекогаш сум имал убедување дека тој што си ја краде куќата е најлошиот вид на предавник. Тоа е како едно семејство кое се обидува да опстане со чесна работа, кое ги плаќа сметките, се обидува да ги образува децата. Како да кажам, постигнале некаков консензус во тесното семејството за некои работи кои се столбот на доследноста да се оди напред. Ова семејство верува во бавниот, но сигурниот процес на успех.

Што се случува во меѓувреме!

Еден од членовите на семејството со текот на времето повеќе не му верува на процесот. Смета дека времето му истекува, дека нешто мора да се преземе. Првиот недостаток му е тоа што нема трпение и работна етика.

Првото нешто што го прави е дека почнува да развива афинитети на манипулација и лажење. Така тој ја развива својата свест додека не почне да краде во сопствената куќа со краен епилог уништување на истата.

Се израдував кога ја слушнав изјавата на нејзината екселенција амбасадорката Агелер дека корупцијата на Камчев и на сите Камчеви е национално предавство. Сите други дефиниции за предавство или патриотизам немаат вредност ако куќата во која живеете почнете да ја крадете.

Луѓето на овие крајишта се конфронтирани со универзалениот проблем – недовербата во системот и институциите. Забележано е дека корупцијата се доживува како “снаодливост”, каде властите честопати не се сметаат одговорни за своите постапки и неделовност.

Со многумина кои се изложени на корумпирани системи и лоши практики, односно “тежок систем”, корупцијата се прифаќа како “нормално” и “неизбежно”. Ова резултира со потиснување на гласот на граѓаните и намалување на вербата во правдата и принципите на државата.

Народот смета дека судството и државните институции не се доволно решителни во справувањето со корупцијата, што ги остава со убедувањето дека “никој не е над законот”. Ова влијае на социјалната рамка и вовлекува граѓаните во круготокот на безнадежност и апатија.

Дали како општество ќе достигнеме ниво каде кражбата од државата ќе биде сметана за предавство останува да видиме. Но важно е да се зголемат напорите за борба против корупцијата и да се засили правдата и одговорноста. Превенцијата и ефикасните механизми за идентификација и казнување на корупцијата се од кључно значење.

Само со дејства и вистинска ангажираност на сите одговорни структури, можеме да поминеме од епохата на неволја и безгрижност кон времето кога крајната цена за корупцијата ќе биде сметана за вистинско предавство на довербата и интересите на народот.

Благодарам Ваше екселенцијо за кажаното дека корупцијата е ПРЕДАВСТВО!

Извор: Градска.мк

Tags: Анџела АгелерКорупцијаОрце Камчевпредавство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ