• Latest

Корупцијата против екологијата

January 1, 2020

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Корупцијата против екологијата

Постојано имаме инциденти меѓу граѓаните и локалните власти околу појавата на окупирање на зелените површини и места каде се задоволуваат заеднички потреби, за да таму набргу никнуваат згради наменети за пазарот. Во тоа, постои континуитет - градежното земјиште е едно од последните подрачја каде транзицијата не е завршена, односно каде е возможно лесно богатење преку купувањето на државно земјиште по бенефицирани цени а потоа продавање на граѓани или правни лица по високи цени.

January 1, 2020 20:26
in АНАЛИЗИ, ЗЕЛЕНИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

По лесното преземање на фабриките со моделот за кој се определи политичкиот крем на земјава по осамостојувањето и чепнување на други вредности, претходно во државна сопственост (води и слично), општиот напад врз просторот кој фигурира како сопственост на државата и негово претворање во рудници за злато за поединци од градежниот бизнис, ние започнуваме да наликуваме на „нормални земји“ од опсегот на либералниот капитализам каде нема ниту метар простор за задоволување на заедничките потреби, кои претпоставуваат и право на – чист воздух и кои значат крај на нормалните урбанистички решенија.

Кога пред неколку години бев во нам блискиот Благоевград, морам да кажам дека уживав во широчината на улиците, нормалното димензионирање на спомениците, широчината на тротоарите, парковите и слободните простори за прошетка дури и во централното подрачје. Си велев – еве, нашите професори од Архитектонскиот нека држат настава за урбанизам, за просторно планирање во странство, откако кај нас, како што велат демонстрантите, насочувајќи го гневот вообичаено кон локалните власти  – „Не ми ми го паркирај ДУП-от на мојот паркинг“. Можеби некогаш, во 70-тите години, на пример, и бугарските професори по урбанизам, кога ги гледале населбите како Карпош 4, на пример, си го помислувале истото, гледајќи во нив отелотворување на идејата градот да ги задоволува сите потреби на граѓаните и да има восхитувачка  естетика?

Пресвртот во состојбите е повеќе од очевиден. Денес оваа населба, како и целата општина, од пример за тоа како треба да изгледа модерниот град, се претвори во пример како алчноста на градителите како аждер ги јаде граѓаните, не им дава ниту да дишат, а за некакво задоволство, додека шетаат по парковите и кејот на Вардар, да не говориме.

„Урбанистички хаос предизвикан од несоодветна подготовка на деталните урбанистички планови, во кои приоритет имаат профитерските интереси, наместо стручно поткрепените архитектонски решенија, кои би требало да обезбедат нормален и функционален живот … иако се сменија властите, негирањето на Скопје, никако да се спречи или да престане“ – коментира познатиот скопски архитект со светско реноме Александар Петров, кој во меѓувреме ја издаде книгата „Град без љубов“.

Не треба многу да се биде концентриран на ова сознание за да се сфати дека нормативното овозможување на користењето на градежното земјиште од страна на општините, кое не е од многу постар датум, едноставно доведе до експлозија на интересот на инвеститорите, посебно во некои општини како што е Карпош или во подолг период Охрид, каде добивката на заедницата никако да се види. Напротив, загубите во општинските каси се евидентни, рекордни, што ја натера Владата на РМ лани, непосредно пред Нова година, од непотрошените средства во државниот буџет да им префрли на таквите и други општини со загуби, дури 50 милиони евра, со цел тие да можат да ги обавуваат основните функции!

Иако овој потег на централната власт е предизвикан од рационални побуди, не изостануваат ли тука прашањето – може да се рече и дека државата во одделни случаи покрива нешто што претходно заминало во туѓи џебови?! Односно дека некој дебело се „омрсил“ откако со евтини трикови и дубари – влогови од различен вид зел земјиште од локалците па сега така осиромашените општински каси добиваат инфузија од централната благајна?

Предминатата и минатата година ја анализирав ситуацијата во општина Карпош по наодите на Државниот ревизор каде беше ставен акцент на начинот како е вршена таа и не така тивка окупација на заедничкото. Заради својот градоначалник Стевче Јакимовски, кој мина два мандати на кормилото на оваа, веројатно пример за модерна и хумана општина – „Карпош“ влезе, во листата на загубари, иако беше предмет на интензивна станбена градба, со станови чии цени не се симнуваат под 1.300 евра по квадратен метар, каде нема слободни станови за продажба а каде загубите се евидентни! Каде тука има „дупка во системот“?

Впрочем, Општина Карпош планирала за 2011 година, за која е извршена ревизија, прилив од над една милијарда денари, а го остварила планот со 39 отсто! Приходите од надоместокот за уредување на градежно земјиште се реализирани со 34 отсто а данокот на промет со земјиште е реализиран со 37 отсто. Во 2016 година се планирани 2,5 милијарди приход, имало само една милијарда. Каква е улогата на приходите по основ на уредување на градежното земјиште? И обата случаи имаме катастрофален сооднос меѓу планираниот и реализираниот приход!

Наодите кои ги констатираше увидот во состојбите во Општина Карпош од страна на службениците на Државниот завод за ревизија на два пати – во 2012 година и во 2017 година – а се однесуваа на состојбите од претходните календарски периоди, беа централна точка меѓу, просто речено, озборувањата за тоа дека работите во овој дел на градот Скопје не се како што треба и кривичните пријави што уследија од други, надлежни органи во државата против одговорни лица во Карпош.

Ова воедно беше и ретка симбиоза на институциите на правната држава кои можат да доведат до очекуван ефект: казнување на одговорните за состојби кои во КЗ се окарактеризирани како предмет на кривично гонење.

Неодамна ЈО прифати еден од повеќето предлози за обвиненија, по долго време откако до нив стигнаа барања и од финансиската полиција и дури имаше и истражен притвор за Јакимовски. Ќе видиме дали и колку ќе има кривична разрешница за еден или повеќе од сомнителните случаи на тема „каде се парите“. Но тоа нема да ни го врати градот, онаков каков што бил и каков го посакуваме.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ