• Latest

Корупцијата жива – законот применлив

August 19, 2019
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Корупцијата жива – законот применлив

Поразителен е фактот дека митото, корупцијата, рекетот, во народот наречени уште и подмачкување, а во правото и тргување со влијание, станале главен манир на однесување, нешто сосема нормално кај огромен дел од македонската популација, но уште попоразно е сознанието дека на овие појави не станале отпорни ниту оние кои според позицијата што ја имаат во државата би морале да се борат против него. И тука веќе се излегува од класичната шема на општежитието кое си го знае редот и навикнало определената услуга да ја врати низ дребни евра, туку станува збор за повеќегласно пеење „у хоро“, зашто сцената на која се настапува се нарекува јавни набавки, тендери, посредувања и слично.

August 19, 2019 09:15
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИЛАН БАНОВ

Не така одамна еден мој пријател седел во некоја кавадаречка кафеана и го наслушнувал разговорот што се водел на соседната маса. Разговорот течел вака:

– Ти че пееш ли у хоро?
– Че пеам, одговорил оној отспротива.
– Кој глас че пееш?
– Трет глас че пеам.
– Многу високо е, ај пеј у прв глас.
– Добро, че пеам меџу прв и втор глас.
– Наредена е.

Ако за миг помисливте дека разговорот се водел меѓу музички уметници, напросто сте згрешиле, зашто во случајов станува збор за фудбалски ли, ракометен ли судија и претседателот на тој клуб. А за да се разбере приказната мора да се даде и толкување на симболичкиот јазик на соговорниците. Значи, првиот глас е, реално е да се претпостави, илјада евра, вториот две, третиот три, а она „меџу“ прв и втор глас се 1.500 евра и за тој износ е договорен/наместен резултатот на мечот. Инаку, дејството се нарекува корупција.

Се разбира, примери за „пеење у хоро“ би можеле да се редат во бесконечност, но го идвојувам овој поради шифрираните пораки, онакви какви што денес допираат до нас преку снимените телефонски разговори или видео снимките и притоа нè уверуваат дека „хористите“ видливо го истакнуваат својот талент кој е правопропорционален на високата позиција што се има во општеството. Наше е само да вложиме малку напор и да ги дешифрираме пораките, да ги протолкуваме симболите, да им го видиме вистинското значење и да го оцениме како – корупција. И рекет, се разбира.

Поразителен е фактот дека митото, корупцијата, рекетот, во народот наречени уште и подмачкување, а во правото и тргување со влијание, станале главен манир на однесување, нешто сосема нормално кај огромен дел од македонската популација, но уште попоразно е сознанието дека на овие појави не станале отпорни ниту оние кои според позицијата што ја имаат во државата би морале да се борат против него. И тука веќе се излегува од класичната шема на општежитието кое си го знае редот и навикнало определената услуга да ја врати низ дребни евра, туку станува збор за повеќегласно пеење „у хоро“, зашто сцената на која се настапува се нарекува јавни набавки, тендери, посредувања и слично.

Да, Уставот и важечките закони во државата не ги иззема или ослободува од одговорност јавните личности, онаа бизнис или полит елита/олигархија, кои се подложни на корупциско однесување. Но, што да се прави кога законот повеќе од една деценија беше неприменлив за нив (Владата на Груевски, на пример, и покрај евидентниот криминал и корупција не се најде на тасот на Јустиција), па оттука тие се повикуваа на него и, се разбира, го  применуваа само во оние случаи кога митото ќе го досегнеше нивото на неколку стотини евра, на кафе, виски, парфем и други производи од востановената коруптивна палета.

Меѓутоа, без разлика што законот кој ја санкционира корупцијата беше ставен во мирување и неприменлив за моќните и силните (притоа, нели, доказите биле прилепувани, монтирани и креирани), сепак, тој не останал во некој правлив бункер на заборавот. Инаку, во него може да се прочита (во иднина, бездруго, и да се примени) дека се санкционира делото примање поткуп, односно барањето или примањето подарок или друга корист од страна на службени и одговорни лица. За ова дело предвидена е казна затвор од една до десет години. Во Кривичниот закон, исто така, егзистираат и кривичните дела “противзаконско посредување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“, „перење пари“…

Значи, нештата се мошне едноставни – законот е сè уште жив и активен, како што е, впрочем, жива и корупцијата и тој факт едноставно не смее да се забошоти ниту кога станува збор за актуелната македонска траума наречена „Рекет“, сеедно кој и од каква позиција имал некаков удел во неа. Најавите на власта сугерираат решителност и бескомпромисност, народски кажано „ни по баби ни по чичковци“ да се расчисти случајот, а актерите да бидат санкционирани за сторениот криминал, на што доколку наскоро станеме сведоци, ќе се увериме дека Кривичниот закон не само што е сè уште важечки, туку е и вистински применлив во борбата против криминалот и корупцијата.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share59Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ