Комитетот за следење на заразните болести формиран од Министерството за здравство на Косово усвои План за готовност и реагирање при евентуална појава на корона вирусот, Ковид-19, кој ги содржи активностите кои се преземени во случај да се јави потреба од справување со вирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според денешното соопштение на Министерството за здравст во, со планот се опфатени речиси сите јавни здравствени установи, организациите и владините агенции, како и Безбедносните сили (ФСК) и Полицијата на Косово. Доколку се јави потреба, Комитетот ќе побара од Владата формирање карантин.
– Планот ги одредува задачите за секоја институција која има одговорност во неговото спроведување и предвидува реакција на секое можно сценарио во случаи на евентуална епидемија: од лесно до жестоко сценарио, се вели во соопштението.
Комитетот информира дека во моментов во Косово нема случаи со корона вирус, а моментно работи на информирање на населението, со оглед дека, како што се наведува во соопштението, „забележливо е дека, во недостиг на информации, има лица кои понекогаш, можеби и ненамерно, предизвикуваат конфузија и паника со половични информации околу третирањето на проблемот во Косово“.