• Latest

Костадиновска Стојчевска ги отфрли обвинувањата од градоначалничката Арсовска и најави тужба

April 17, 2024

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска Стојчевска ги отфрли обвинувањата од градоначалничката Арсовска и најави тужба

April 17, 2024 16:01
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ги отфрли вчерашните обвинувања од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и најави тужба за клевета. Министерката денеска на прес-конференција рече дека Арсовска дополнително го оштетила буџетот за реконструкција на салата со 20 милиони денари.

-Категорично ги отфрлам измислените лаги и скандалозни тврдења на Арсовска дека сум знаела за пожарот, а не сум пријавила. Веста за пожарот се ширеше толку брзо што за многу краток период беа преплавени социјалните медиуми од каде што дознав јас и во истиот момент од ова работно место од Министерство за култура се упатив кон Универзална сала. Упадот во системот на Бирото за јавни набавки е карактеристика за едно друго време во кое Градот и државата ја водеа оние коишто ја направија неа градоначалник. Во наше време има уредно барање пратено до Бирото за јавни набавки и уредно добиен одговор за промена на инвеститор како што налага договорот склучен со Град Скопје, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа тврди дека Арсовска самата потпишала неколку документи за почетокот на реконструкцијата на Универзалната сала. Како што посочи, истиот проект кој Арсовска го спори и за кој обвинува дека е фалсификат, бил испратен преку системот за добивање градежна дозвола до Градот за пресметка на комуналии.

-Градот изготви таква пресметка, а Министерството за култура ја плати за што имаме и потпишан договор за комуналии. Таа се потпишала на документи низ овие постапки како што е договорот за регулирање на постапка. Таа се потпишала на документи и со тоа ја потврдува безбедноста. И овој чекор моравме да го направиме повторно заради немање интерес и волја Арсовска да почне со реконструкцијата бидејќи одобрението за реконструкција беше истечено, додаде Костадиновска Стојчевска.

Според Костадиновска Стојчевска, Арсовска не само што две години не презела ништо, таа дополнително го оштетила буџетот за реконструкција на салата со 20 милиони денари.

Министерката потенцираше дека Арсовска поради одлагање на реконструкција изгуби судски спор и го оштети буџетот на граѓаните наменет за реконструкција.

– Инсинуирањето на Арсовска дека сум знаела за пожарот, а не сум пријавила, низата небулози изјавени во вчерашниот прес во следните денови ќе бидат предмет пред судските истанци па самата таа ќе има можност подетално да објасни за изнесените тврдења за мена поврзани со Универзална сала. Сакам граѓаните да го знаат она што нив ги засега и во што не треба да се сомневаат, ниту да имаат страв дека Бисера или кој било друг од Министерството за култура може да го направи, а тоа е упад во системот за јавни набавки, додаде Костадиновска Стојчевска.

Таа образложи дека по склучувањето на договорот за промена на инвеститор, Министерството за култура како нов инвеститор ги презеде сите обврски и права што се однесуваат за реконструкција на салата.

-Договорот за изведба не беше завршен и како таков од  Бирото за јавни набавки имаме мислење дека треба да го преземеме согласно членовите 3 и 4 од договорот склучен со Град Скопје за промена на инвеститор. Тоа е барањето кое што ви го покажавме. Дополнително кон договорот што го презедовме со изведувачот имаме облигации по однос на реконструкција на прва фаза од Универзална сала. Министерството за култура по основ на договорот склучен со Град Скопје се обрати до сите правни лица кои се јавуваат како чинители во реконструкцијата и по службена должност ги обезбедивме сите документи кои од страна на градоначалничката не ни беа доставени со цел ефикасно и непречено продолжување на процесот, рече министерката.

Таа напомена дека проектантот кој го има донирано проектот на Град Скопје во двете фази, го доставил и до Министерството за култура, затоа што токму Министерството како инвеститор има обврска да ги преземе сите дејствија кон сите правни лица со кои Градот има склучено каков било договор.

-Без потпишан договор и платени комуналии не може да се издаде одобрение за реконструкција.  Градот е вклучен во процесот на давање на одобрение на реконструкција и тоа беше последниот чекор пред Општина Центар да издаде одобрение за реконструкција е Градот. Арсовска би требало да знае и дека проектот кој таа го оспорува има добиено позитивни мислења од сите институции, како и од ИЗИС кој го оцени проектот како безбеден и притоа тие документи и мислења се прибавени од Град Скопје, а не од Министерството, рече Костадиновска Стојчевска.

Фото: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ