• Latest

Костадиновска-Стојчевска: Културата и младите во фокусот на агендата на Министерството за култура

June 28, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Културата и младите во фокусот на агендата на Министерството за култура

June 28, 2022 18:54
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter
Подготвена сум на младите од Северна Македонија да им помогнам да се зајакнат во креирање на европските проекти и активно да учествуваат во Креативна Европа. Факт е дека културата и младите отсекогаш се во фокус на агендата на нашето Министерство. Само така ќе покажеме цврст став за нашиот пат кон европското семејство и ќе вклучиме повеќе теми кои се од особено значење а тоа се култура, образование, иновации, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа денеска учествуваше на министерскиот состанок за Западен Балкан за промоција на првата Министерска платформа и оствари средба со претставниците од Националниот младински конгрес на Албанија.
Од Националниот младински конгрес на Албанија соопштија дека наградата за Тирана како Eвропска младинска престолнина за оваа година претставува нов пат за напредок за градот, за младите и за земјата. Тоа е, како што велат, нов начин на соработка, дизајнирање, стимулирање и зајакнување на градот, со и за младите.
– За спроведување на EYC 2022 во Тирана, Националниот младински конгрес на Албанија тесно соработува со општината Тирана и различни министерства и владини агенции. Ова е цврст пример дека соработката и структурираниот дијалог меѓу граѓанското општество и владините институции носи повеќе инвестиции во младински политики и програми, повеќе шеми за грантови за младински проекти, повеќе јавни простори за младите да се поврзат и да го достигнат својот потенцијал, како и повеќе синергии и мрежи, истакна извршната директорка на Националниот младински конгрес на Албанија, Дафина Пеци.
Тие заклучија дека институциите треба целосно да ги посветат своите капацитети и волја максимално и да ги зајакнат земјата и нејзините млади преку развој, напредок и напорна работа.
– Оваа година, повеќе од кога било, Тирана го става центарот на вниманието на младите. Младинската престолнина за 2022 година веќе ја започна годината со многу активности и настани насочени кон младите луѓе, овозможувајќи им да се интегрираат што е можно повеќе во различни области од нивниот секојдневен живот. Тирана е одличен пример кој нуди многу можности за младинско ангажирање. Разновидната и автентична програма на Tirana EYC 2022 опфаќа широка област на теми што се однесуваат на младите; како учество, култура, иновации, младински простори, европски идентитет, капацитет, различност и еко-здравје. Активностите вклучуваат работилници, до конференции, предавања, отворени форуми, до улични забави, културни настани, флеш мобови, уметност и традиција, додаде генералната координаторка на Тирана EYC 2022, Национален младински конгрес на Албанија, Аспасјана Конго.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ