Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска , преку објава на Фејсбук, информира дека започнале да се одржуваат претстави во реконструираниот Центар за култура во Кочани.
НУ Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани се враќа и подобар од кога било со премиерата која се одржа викендов на македонскиот филм „Преекспониранo“ на режисерката Елеонора Венинова.
Благодарение на инвестицијата на Министерството за култура од 20 милиони денари, комплетно е реконструирана салата и реновиран ентериерот во Центарот, така што целиот тим се подготвени да ви посакаат добредојде на кино проекциите, напиша Костадиновска Стојчевска.
Министерката додаде дека од кино проекции до музички изведби, НУ Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани е одлична дестинација за културни издигнувања.