Еден политичар од понизок ранг (Страшо Ангеловски) кој едноставно ги отвара картите и вели „не не ние имаме интерес, ќе оди оружје за Украина, ќе одат атомските бомби“, божем тие бомби така во железница ќе се превезуват. Тоа тие класична анти-НАТО кампања, и тука ќе видите ‘чиј е интересот’ да не се изгради. Ете вели “ние треба да изградиме према Солун“, па имаме према Солун, а и зошто да не ја направиме пругата, се нека се превезува нагоре, и да е за НАТО и треба да е за НАТО бидејќи ние сме дел од НАТО.
Тоа е еден Страшo Ангеловски претседател и лидер на Македонска акција – Конзервативна партија (МААК) кој е коалиционен партнер во оваа Влада, нема тука дискусија, неговата партија е тука и тој само ги кажува тие работи најобично зошто не треба. Гледам народот почна да се јавува по тие контактни емисии „па НАТО нека си ја изгради пругата тоа е во негов интерес“, замисли, ние сме надвор од НАТО? Аајде да ги видиме начисто тие работи и мислам дека ако се расчистат тие политички сегменти, тогаш можеме да зборуваме дека работите ќе мора да тргнат.
Д. Муратов