• Latest

Костовски: Заканите за бомби во Прилеп почнаа откако се отвори Конзулат на Украина

February 28, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Костовски: Заканите за бомби во Прилеп почнаа откако се отвори Конзулат на Украина

February 28, 2023 13:18
in ВЕСТИ, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Секогаш кога не се учат грешките од историјата, тие се повторуваат, рече Љубомир Костовски, новинар и политички аналитичар, на конференцијата „Украина – Година на хероизмот“, во организација на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

„Секоја војна има три елементи – воен, психолошко пропаганден и економски. Мора да се истакне дека војната во Украина не започна лани, туку во 2014 година, значи оваа војна не трае една година туку многу повеќе. Меѓутоа, пред сè, Европа сака да си ги исчисти своите флеки на валканата совест, бидејќи ја фрли раката од телото на гладниот лав и сметаше дека ќе го спаси“, рече Костовски.

Тој направи паралела со времето во пресрет на Втората светска војна.

„Тоа е истото што го направи Невил Чемберлен во 1936 година, кога мислеше дека, ако му даде Судетите (делови од Чешка) на Хитлер, така ќе се спаси. На крајот, Чемберлен можеше само да присуствува на распадот на британската империја во 1945 година“, потсети Костовски.

Познатиот македонски новинар и политички аналитичар го критикуваше и Договорот од Минск, особено вториот од двата склучени по првичната инвазија на Русија во 2014 година.

„Во 2014 влегоа војници без никакви ознаки и го освоија Крим. Кукавички чин е тоа што војниците немаа ознаки на униформите. Тоа ја отсликува целата филозофија на Путин. Со наводни референдуми, демек, народот самиот се ослободил. Потоа, се потпиша еден многу срамен договор Минск 2. Минск 1 и не беше толку страшен. Тој срамен договор веќе не се ни коментира, бидејќи тоа е капитулација на Украина. Русија имаше време 8 години да се подготви за оваа војна“, рече Костовски.

Тој нагласи дека херојот на поновото време е поранешниот бугарскиот премиер Кирил Петков кој успеал во последен момент да ја снабди украинската армија со потребното гориво за да ја активира целокупната своја артилерија и тешкото вооружување. Според него, без тоа вооружување ќе имаше многу жртви и додаде дека украинската армија направи страшни подвизи и се надмина себеси.

Тој направи паралела и со изјавата на белградскиот режисер Горчин Стојановиќ кој кажал дека не може да направи филм или драма за Украина бидејќи за драмската структура се потребни јунаци, еден, два, три, а во овој случај, целиот украински народ е јунак.

„Ме прави горд тоа што преку НАТО ѝ помагаме на Украина, но не ме прави горд пропагандно психолошкиот сегмент, бидејќи мојата земја и мојот народ покажаа голема кревкост во тоа како се поддржува една војна. Среќа што има временска прогноза, инаку вестите за Украина ќе беа последни“ – вели Костовски.

Тој се осврна на пропагандната злоупотреба на руската култура.

„Руската пропаганда ги злоупотребува ликот и делата на Достоевски, Чајковски, Толстој… Сите овие автори беа против војната. На пример, Достоевски вели: Солзите на едно дете се поважни од целиот свет. Не може таков писател да се употребува за војна“, вели Костовски.

Костовски потенцира дека руска пропаганда е вешта.

„Никој не се запраша зошто сега почна да има закани за бомби и во прилепските училишта, покрај скопските. Зошто нема во другите градови?“ – прашува Костовски и додава: „Закани за бомби има затоа што се отвори конзулат на Украина во Прилеп и ние сме жртва на руската пропаганда“.

Костовски потсети дека економската криза не е само поради војната, туку има влијание и од пандемијата со Ковид-19.

Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски / Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ