• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Коце покроце, заборави дека потроши милиони евра на палми, жални врби и градски плажи со твоето „домаќинско“ работење?

August 25, 2024

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Коце покроце, заборави дека потроши милиони евра на палми, жални врби и градски плажи со твоето „домаќинско“ работење?

August 25, 2024 20:12
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Што се случува со старо-новите, бајато-свежи вмровски кадри поставени на функции на сите нивоа во новата владејачка гарнитура? Како да ги фатила епидемија на колективна амнезија.

Не, не зборуваме за колективната амнестија што директорот на Управата за санкции им ја даде на осудените сопартијци, потпишувајќи им отпусници од затвор заради констатираните разно-разни болести поради кои морале да се лекуваат во болнички услови, со „појачана“ терапија истовремено да одат по партиски митинзи. Не, тоа е една друга категорија.

Колективнава амнезија се однесува на целосно отсуство на меморија за акциите и дејствијата кои ги преземале додека биле предходно на власт. Добро, можеби долгото седење во опозија придонело за таа масовна појава, која како да е високо заразна, па секојдневно гледаме појава на нови случаи, кој од кој потежок. Настрана што масовно ги забораваат предизборните ветувањата за промена на Преспанскиот, договорот со Бугарија, враќање на знамето, името, презимето, никогаш Северна…сега забораваат и што барале додека биле во опозиција, па и што (с)работеле додека биле на власт, пред да станат опозиција.

Така, откако министерката за образование и наука Весна Јаневска, заборавајќи дека од позиција на опозиција бараше, сега и веднаш, не 10, не 15, туку цели 18% зголемување на плата за образовната фела, и повикуваше на штрај ако не се исполнат барањата, сега таа истата, но од позиција на власт вели дека покачување оваа година нема да има, и сега се побитни знаењето на учениците, напредокот на државата, почитта од страна на родителите, од учениците, од општеството, бла,бла,бла…ќе има покачување, еден ден, само не оваа година, и на образовните работници, преку омилениот синдикалец, претседателот на СОНК Јаким Неделковски, им порача да седат мирни, да стиснат заби и да не подлегнуваат на повици за штрајкови.

Вчера гледам дака високо заразната колективна амнезија го зафатила и Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Скопје, ако воопшто и се сеќава на тоа, бидејќи очигледно е дека не го служи добро меморијата кога е во прашање тој дел од неговото функционерско искуство.

Како поинаку да се протолкува вчера дадената изјава од Коце Трајановски – директорот на Јавното претпријатие државни патишта, кој напаѓајќи ги неговите предходници, вели дека сега тој ќе тработел посветено и домаќински.

Како што работеше посветено и домаќински Коце Трајановски – поранешниот градоначалник на Град Скопје, познат како соучесник и извршител на мегаломанскиот промашен проект Скопје 2014?

Коце Трајановски – поранешниот градоначалник на Град Скопје, кој заедно со тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ потроши 500.000 евра за набавка на 1.100 насади наменети за низ цела Македонија, а од засадените 138 палми на неколку локации во Скопје, сега им нема ни трага, ни глас.

Коце Трајановски – поранешниот градоначалник на Град Скопје кој садеше жални врби во Вардар и инсталираше гејзери во истата река, кои требаше да еруптираат со млазеви вода, ама водата од нив нешто многу кафејава излегуваше.

Коце Трајановски – поранешниот градоначалник на Град Скопје кој покрај сите споменици, огради, фонтани, фасади кои сега се во распад, потроши и нешто помалку од 380 000 евра за градски плажи покрај тој ист Вардар, плажи кои никаде ги нема.

Тоа е домаќинското и посветено работење на свежиот функционерски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски.

Ете, затоа е таа колективна амнезија во редовите на владејачката партија. Со надеж дека истата, како зараза ке се прошири врз сите, и овие „успеси“ од минатото ќе ги покрие заборав.


Текстот е личен став на авторот
Tags: ВМРО - ДПМНЕКоце Трајановскипоранешен градоначалник на Град СкопјеСкопје 2014
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ