По реакциите на револтираните возачи кои до редакцијата на ЦИВИЛ Медиа се пожалија дека автопатот Штип – Миладиновци е затворен за сообраќај, го прашавме потпаролот на Министерството за транспорт и врски, Кире Коцевски, кога автопатот конечно ќе биде пуштен во сообраќај.
„Дел од патот од Штип до Кадрифаково е веќе во употреба и по него се вози. Додека, делот од Кадрифаково до Миладиновци е во фаза на техничка и безбедносна проверка. Штом се завршат овие проверки автопатот ќе биде пуштен во употреба. Ве уверувам дека тоа ќе биде многу наскоро“, изјави Коцевски за ЦИВИЛ МЕДИА, без да даде конкретен временски период во кој би се случило тоа.
За потсетување, властите соопштија дека најскапиот автопат во регионот и пошироко е готов и ќе биде пуштен во употреба до крајот на неделата.
М. И.