• Latest

Ковачевски: Децата мора да останат во училиште, платите во образованието се зголемени за 21%, дијалогот со синдикатите продолжува

April 7, 2022
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Ковачевски: Децата мора да останат во училиште, платите во образованието се зголемени за 21%, дијалогот со синдикатите продолжува

April 7, 2022 13:40
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Имаме многу јасен закон во однос на организирање на штрајк во сите делови. Училиштата, МОН, Општините кога се работи за основно образование треба да го организираат работниот процес, бидејќи децата мора да имаат образование, особено што излеговме од период на пандемија скоро по 2 години каде што децата мораа да седат дома. Ова го изјави премиерот Ковачевски како одговор на новинарско прашање за најавениот штрајк на вработените во училиштата и градинките, пренесуваат од владината прес служба.

„Јас знам дека на никого не му беше лесно, но јас се надевам дека во наредниот период ќе изнајдеме решение и дека децата прво ќе останат во училиштата, дека треба да продолжи наставата, а со синдикатот ќе се изнајде решение, бидејќи и со штрајк и без штрајк на крајот мора да има социјален дијалог којшто социјален дијалог ќе заврши со договор помеѓу синдикатот и во овој случај Владата”, рече премиерот Ковачевски.

Покачувањето на минималната плата не би требало да биде причина за отпочнување на протести. Тоа е плата покачена на работниците доминантно во приватниот сектор кои што работат во фабрики и во услужен сектор. Преку даноците  од приватниот сектор се исплаќаат платите на сите кои што работат во јавниот сектор, а јавниот сектор има 138.000 вработени. Тие 138.000 ги примаат своите плати благодарение на придонесите, благодарение на даноците кои што ги плаќа приватниот сектор, тоа не треба да биде причина да се врши притисок и да се прават протести. Ова денеска го одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање во врска со најавените протести од страна на повеќе синдикати поврзани со барања за зголемување на платите.

Премиерот истакна дека зголемување на платите треба да има, но со методолошки пристап.

„Сакам исто така да напоменам дека од 2017, 2018, 2019 најголем дел од платите се зголемени за 20 проценти, во образованието платите беа зголемени кумулативно 21 процент во изминативе години, платите исто така на лекарите беа зголемени, капитациите исто така беа зголемувани и финансиските средства кои што го издвојувавме за здравството“, истакна премиерот Ковачевски.

Тој рече дека Владата ќе продолжи со тој дијалог, меѓутоа истакна дека не е добро за економско социјалниот дијалог прво да се најави штрајк, а потоа под притисок да се доаѓа на разговори со Владата.

„Сепак, и во такви услови Владата разговара, нормално со сите претставници на синдикатите, и јас сум сигурен дека на крајот на денот ќе изнајдеме решение кое што ќе биде на обострано задоволство и на работниците и секако на оние кои што ги плаќаат даноците за да се исплаќаат тие плати“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски се осврна и на исплатата на минималната плата во јавниот сектор каде има застој во одредени институции, односно не е сѐ уште исплатена минимална плата до 18.000 денари.

„При носењето на минималната плата јас кажав дека сите ќе добиваат минимална плата од 18.000 денари, а за тоа е потребно да се изменат одредени закони, кои што во моментов се во собраниска процедура.  Затоа Владата веќе минатата недела донесе заклучок со кој што ќе биде овозможено оние кои што нема овој месец да ја добијат платата до 18. 000 денари таа разлика да им биде исплатена веднаш штом ќе биде донесен законот соодветен за административни службеници“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски заедно со првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците, Артан Груби, и министерот за здравство Беким Сали, по повод одбележувањето на Светскиот ден на здравјето – 7 Април, го посетија целосно реновираниот Оддел за онкологија на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести во рамки на Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, информираат од Владата.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ