• Latest

Ковачевски до Мизрахи: ВМРО-ДПМНЕ е наследник на Ванчо Михајлов, го прифаќа и се гордее со него

April 28, 2022
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Ковачевски до Мизрахи: ВМРО-ДПМНЕ е наследник на Ванчо Михајлов, го прифаќа и се гордее со него

April 28, 2022 16:09
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Мојот личен став и ставот на мојата партија за негативниот лик и дело на Ванчо Михајлов не е променет. Ставот е ист, порача премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашање поставено од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, за ставот на Владата за отворањето на Бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола и како дошло до негово отворање, пренесува МИА.

Ковачевски го повтори својот негативен став  за Ванчо Михајлов кој не е променет уште од времето кога неговата фигура беше поставена во Музејот во Ново Село во Штип и Музејот во Скопје.

– Мојот став е ист и кога неговата фигура беше поставена во Музејот во Ново Село во Штип, со говор на вашиот почесен претседател, осуденото лице за криминал и бегалец Никола Груевски. Мојот негативен став за него, е ист и кога неговата фигура беше ставена и во Музејот во Скопје, како дел од криминалот на Груевски и на вашата партија и вашите сопартијци во најголемиот криминален проект – Скопје 2014, истакна Ковачевски.

Тој потенцира дека не му е познато дали опозицијата има слика од Михајлов во „Белиот дворец“, но како што рече знае дека токму ВМРО-ДПМНЕ од своите почетоци е наследник токму на Ванчо Михајлов.

– Тоа е срамно и недозволиво. Исто како што ваши членови беа на отворањето во Битола, водени од градоначалник на ВМРО ДПМНЕ. Срамно е што вие во вашиот сСатут и грб се повикувате на континуитетот и на Тодор Александров и на Протогеров, за кого редовно пеете песни. Патем, токму нивниот ученик и соработник Ванчо Михајлов, ги реализира нивните ликвидации. Како што сложно тројцата претходно, учествувале во ликвидациите на огромен број македонски левичарски револуционери. Како што тој срамен лик бил водач на ВМРО во 20-тите години на минатиот век, а вие тоа го прифаќате и се гордеете со тој континуитет, рече Ковачевски.

Тој посочи дека дел од основачите на Клубот „Ванчо Михајлов“ се фотографирани со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека токму таа партија го слави ликот и делото на Михајлов.

– Прашајте ги вашите ветерани и тие ќе ви кажат дека тие го слават Ванчо Михајлов, не јас, ниту СДСМ, ниту најголем дел од нашите сограѓани. Веднаш по отворањето на Центарот, за што веќе ви кажав дека не се согласувам, дадов насоки на надлежните ресори, министри, да направат анализа зошто немаме законска регулатива со која ќе се спречат вакви и слични имиња да бидат користени. И најважно, да подготват законска основа за соодветно третирање на истите, рече Ковачевски.

Тој соопшти дека има во план директно да го информира неговиот бугарски колега Кирил Петков, дека како Влада, во текот на оваа година, имаат намера да отворат културен центар на Република Северна Македонија во Благоевград.

– Името на Центарот ќе го определиме во комуникација со нашиот Институт за национална историја. И ќе ве повикам да дојдете со мене на отворањето, и рече Ковачевски на пратеничката Мизрахи.

Тој потенцира дека од формирањето на оваа Влада пристапот кон источниот сосед е односите да не бидат на наративот на национализам и популизам, туку на теми кои се свртени кон иднината и кои ќе донесат бенефит на граѓаните на двете држави, одговарајќи на прашање од Мизрахи за континуираните провокации на високи бугарски претставници и нивниот негаторски однос кон Македонците.

Во врска со наводниот нацрт-документ од преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија, Ковачевски истакна дека таков документ во Владата не постои.

– МНР во рамките на своите надлежности, има отворено разговори за размена на идеи и концепти за постигнување документ кој може да биде основа за решавање на отворените прашања. Во моментов не постои усогласен документ кој може да биде донесен до Владата во Скопје и Владата во Софија. Прво тој ќе биде разгледан од Владата, но и од Собранието, подвлече Ковачевски.

Во однос на поднесувањето неговата оставка и свикување предвремени парламентарни избори, Ковачевски рече дека избори ќе има во 2024 година, на кои ќе победи претседателски кандидат на партиите кои сега се дел од Владата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ