• Latest

Ковачевски: Достојно признание и почит за тешката работа на рударите, честит да е 28 август – Денот на рударите (Видео)

August 28, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Достојно признание и почит за тешката работа на рударите, честит да е 28 август – Денот на рударите (Видео)

August 28, 2022 13:57
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Пробиштип учествуваше и се обрати на манифестација по повод одбележувањето на Денот на рударите – 28 август, информираат од владината прес служба.

На свеченоста на која беа доделени благодарници за најдобри рудари и бригади, беа присутни околу 800 рудари и раководствата од „Злетово“ и „Тораница“, министри и градоначалниците на Пробиштип и Крива Паланка.Премиерот Ковачевски во обраќањето по повод Денот на рударите истакна дека успесите кои ги бележи рударскиот сектор години наназад се резултат на личните заложби на секој еден од вас, на макотрпната работа на рударите, инженерите, менаџерите, стручните кадри кои со вашето посветено работење придонесувате во неговото унапредување, а со тоа и на развојот на државата.

Според Премиерот, тоа се гледа и во постигнатите резултати. Рударството е еден од најважните сектори и придвижувач на нашата економија дури и во време кога се соочуваме со една од најголемите кризи во поновата историја. Со повеќе од 10% во вкупното индустриско производство на државата вашиот сектор е клучен за нашиот напредок. Во Република Северна Македонија имаме над 100 активни рудници кои заедно со своите придружни дејности вработуваат околу 10.000 луѓе. Убеден сум дека и понатаму овие рудници ќе продолжат со својата активна работа, со отворање нови работни места и со одржување на високите стандарди на условите и безбедност при работа за своите вработени и заштитата на околината.

Ковачевски како пример го посочи рудникот Злетово во Пробиштип, кој со амбициозна стратегија и план од стечај за краток временски период, успеа да се врати во кондиција и да го рестартира производството. Компанијата ,,Булмак 2016”, која управува со рудникот Злетово, но и со рудникот Тораница дури и во време на криза и пандемијата е меѓу првите 30 компании во земјата според успешноста. Во целиот овој период во овие два рудника вработени се околу 800 лица, зголемено е производството и зголемени се платите на вработените во однос на претходните години.

Тој потсети дека во целиот овој процес на успешно работење свој придонес има и Владата, затоа што развојот на компаниите, но и инвестирањето во човечки капитал, како непроценлив работен потенцијал значи одржлив развој на општините и забрзан економски раст на земјата.

Исправивме една огромна неправда за рударите која се провлекуваше со години наназад. Со законските измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што Владата ги направи во 2018 година го исполнивме долгогодишното барање на рударите. Сега во пензија заминуваат со навршување на 40 години стаж за мажи, односно 35 години стаж за жени. Тоа значи дека ако претходно рударите се пензионирале на 58 годишна возраст, по ново во пензија заминуваат на 50 годишна возраст, а во периодот од 2018 до денес ова право го оствариле 105 рудари, истакна Ковачевски.Обезбедивме и континуиран раст на платите. Преку системски решенија за зголемување на платите и во услови на најголема криза растат и минималната и просечната плата, која за месец јуни изнесува 31.869 денари. Во ова зголемување на просечната плата со 4,3% учествува и секторот рударство и вадење на камен, додаде Премиерот.

Истовремено, како што нагласи Ковачевски, обезбедувањето на подобар стандард и услови за работа останува врвен приоритет на Владата, како и грижата за работниците и граѓаните, која е наша цел на Владата, на која продолжува да работи.
Со огромна почит искрени честитки до сите рудари кои активно работат, но и оние кои веќе го имаат завршено својот работен ангажман и се пензионирани. Високо ја ценам вашата макотрпна работа, пожртвуваноста и часовите труд поминати во јама и на коповите. За таа цел продолжуваме со носење законски решенија и политики со кои се обезбедува подобар стандард и услови за работа за рударите, истакна Премиерот.Нека е честит и вековит празникот. Ви посакувам да се живи и здрави, да напредувате на личен план и со својот труд да продолжите да придонесувате во растот на нашата економија и развојот на државата. Рудари СРЕЌНО!“, кажа Ковачевски на крајот од својата честитка по пповод Денот на рударите.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ