• Latest

Ковачевски – Дуџак: Програмите на ОН се силна поддршка на нашите политики особено во зелената енергетска транзиција

January 21, 2022
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Ковачевски – Дуџак: Програмите на ОН се силна поддршка на нашите политики особено во зелената енергетска транзиција

January 21, 2022 14:59
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на  Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше средба со Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите Нации (ОН) во Северна Македонија. На средбата Дуџак му го честиташе на премиерот Ковачевски изборот за Претседател на Владата на Република Северна Македонија и истакна дека поддршката од ОН останува како континуитет во спроведување на планираните реформи во земјата и на евроинтегративниот процес.Премиерот Ковачевски изрази искрена благодарност за ангажманот на ОН со програмите на различните агенции на организацијата особено во континуираните иницијативи на полето на економијата, социјалната инклузија, родовата еднаквост, јакнењето на институциите, грижата за животната средина.

На средбата премиерот Ковачевски ја информираше постојаната координаторка на ОН за програмските приоритети на Владата како што се интензивирање на евроинтегративните процеси, новиот план за економски развој со пораст на бруто домашниот производ со цел зголемување на животниот стандард на граѓаните, борба против криминалот и корупцијата, подобрување на ефикасноста и транспарентноста во работењето на судството, подобро владеење на правото и енергетска транзиција во правец на користење зелена енергија.

Премиерот Ковачевски истакна дека главните активности на Владата уште во првите денови се насочени кон справување со енергетската криза, како и во правец на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку зголемување на пензиите и минималната плата.

Во текот на разговорот постојаната претставничка на Обединетите нации Дуџак, ги истакна позитивните иницијативи кои досега се преземени во повеќе области и ја издвои зелената енергетска транзиција на земјата, за која од развојната програма на УНДП се издвоени 7,8 милиони долари како грант за нашата земја.

Премиерот Ковачевски нагласи дека поддршката на ОН, преку програмите на УНДП ги потврдува определбите на Владата зелената енергетска транзиција да биде во врвот на нејзините приоритети и дека се создаваат дополнителни услови за енергетски проекти од обновливи извори.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ