• Latest

Ковачевски: Енергетската трансформација е решението за аерозагадувањето, тоа е приоритет на Владата

January 11, 2023

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски: Енергетската трансформација е решението за аерозагадувањето, тоа е приоритет на Владата

January 11, 2023 18:41
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Прашањето на загадувањето на воздухот не е прашање што може да се реши за период од 12 месеци, бидејќи е акутно 50 – 70 години. Најголемата причина за високото загадување во сите поголеми градови во текот на зимските месеци е загревањето на домовите со цврсти горива како дрво и други што уште повеќе загадуваат. Она што државата го прави, а треба да го прават и општините тоа е енергетска трансформација на државата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Ние докажавме дека ако се има волја, ако се има посветеност и ако се има знаење дека може да се отпочне и да се оди во трансформација. Само за илустрација во текот на мојот мандат како премиер пуштени во употреба се 141 мегават на обновливи извори на енергија, а до крајот на оваа година ќе имаме пуштено 300 мегавати. Тоа е скоро половина од капацитетот на РЕК Битола што произведува на јаглен електрична енергија, рече Ковачевски на новинарско прашање по посетата на компанијата „Пекабеско“.  

Тој потсети дека веќе во градот Битола започна изградбата на топловодот што ќе треба да обезбеди затоплување на домовите со парно греење, слично на она во Скопје, но со уште помодерна технологија.

-Цевки за топла вода се веќе испорачани, и постојат после тоа уште две фази. Обезбедено е финансирање од KwF банката во износ од 40 милиони евра и сопствени средства од ЕСМ во износ од 7 милиони евра.  Тука би сакал да кажам дека тоа е приоритет за Владата со оглед на тоа што Битола е град во којшто се произведува базната енергија за државата и тие со оглед на тоа дека ги имаат сите предуслови, а никој со тоа не се занимавал во минатото треба да биде тоа направено. Сакам уште еднаш да им честитам на вработените во РЕК Битола коишто се доминантно од Битола и каде што за првпат после долги и долги години, да не кажам децении, се пуштени во работа сите три блока на РЕК Битола, вели премиерот.

Тој потенцира дека на лидерската средба кај претседателот Пендаровски излегле со план и практично од неа произлегле сите мерки и активности во изминатите три месеци како субвенционирање на електрична енергија, пуштање во погон на сите производствени капацитети што ги имаме во државата, обезбедување непречено снабдување со енергенси и либерализација на снабдувањето со енергенси во државата.

-Тоа се активности коишто треба да продолжат и во иднина. Само за илустрација, оваа Влада успеа да го заврши гасоводот комплетно од Жидилово до Битола, тоа обезбедува во Битола сега да има природен гас каде што во когенеративна централа ќе може да се произведува и електрична, меѓутоа и топлинска енергија како што тоа се прави во Скопје преку ТЕ-ТО. Во финална фаза оваа година е и завршувањето, на гасоводот до западниот дел од државата, односно кракот којшто води во Тетово, за што обезбедени се финансиски средства. Истото се однесува и на другите краци коишто се практично магистрални и потоа ќе остане на општините заедно со државата да обезбедат инфраструктура која што ќе може да обезбеди затоплување со парно греење за градовите. И тоа е практично решението, дециден е премиерот.

Тој дополни дека веќе имаше тендер на којшто се пријавија две турски компании за гасификација на градовите. Во моментов, вели, се разгледува дали на градовите им треба гасификација до секој дом или когенеративни централи на влезот од градовите коишто ќе произведуваат топлинска и електрична енергија, а потоа ќе се прави топловодна мрежа до домовите што е посовремен концепт кој се применува во САД и европски земји. Ковачевски посочи и на промената на регулативата со забрзување на постапката за инсталирање на фотоволтаични централи над домовите и за компаниите, а го потврдуваат и лиценците што ги издава Комисијата за енергетика.

-Тоа е начинот на којшто треба да продолжиме со цел да имаме електрична енергија од обновливи извори на енергија, да направиме трансформација на мазутот и на другите високозагадувачки енергенси со гас и да продолжиме со изградба на енергетски капацитети коишто ќе овозможат базна енергија која што не е од јаглен, туку е од други обновливи извори на енергија, вклучително хидроцентрали и гасни централи, вели премиерот Ковачевки

Print Friendly, PDF & Email
Tags: аерозагадувањеБитолаКовачевски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ