„Обединувањето во Европа во моментов е еден од клучните процеси кој се одвива. Дали ние ќе бидеме дел од него, дали ќе бидеме први како што јас посакувам тоа сега зависи од нас, зависи од одлучноста, од визијата на политичарите во нашиот парламент да обезбедат евроспка иднина за граѓаните“ рече премиерот Димитар Ковачевски во Дневникот на Сител.
Тој додаде дека доста беше нашите граѓани со туѓи пасоши да одат да работат по Франција, Германија, но и Словачка, Чешка и Полска.
Премиерот додаде дека беше незамисливо наши граѓани да одат да работат во дел од овие земји, но сега одат бидејќи таму има поголем стандард.
„А зошто има? Бидејќи единствено разликата е што се земји членки на ЕУ и што по влегувањето имаат три пати поголеми плати, пазар од половина милијарда жители и имаат животен стандард кој заради тоа расте“ рече Ковачевски.