• Latest

Ковачевски: Изјавата на Османи за барањата на Бугарија е многу јасна и не се разликува од неговите изјави во минатото

October 3, 2023
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски: Изјавата на Османи за барањата на Бугарија е многу јасна и не се разликува од неговите изјави во минатото

October 3, 2023 13:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ние комуницираме многу често меѓу себе и министерот Османи и министерот Маричиќ и јас и ако ја погледнете изјавата на министерот Османи, тогаш таа е многу јасна и не се разликува од неговите изјави во минатото, ниту пак се разликува од другите изјави“, истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“.

„Прво, Бугарија имаше голем број на барања во текот на изминатиот период. Тие барања беа предмет на напорни и тешки преговори во кој што беше вклучено француското претседателство во текот на изминатата година. Во текот на тие преговори она што беше клучно за нас и што е отцртано во закалучоците на Собранието на РСМ е тоа кое што е дел од преговарачката рамка. Чист македонски јазик во преговарачката рамка, и во ЕУ, потпишување на договорот ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, заедно со сите други јазици на ЕУ, на ист документ. И тоа гледате дека се случи, дел од вас беа на скринингот на почетокот на првата меѓувладина конференција, на сите преговарачки кабини стоеше македонски јазик. Европското законодавство се преведува на македонски јазик. Договорот со ФРОНТЕКС е потпишан на македонски јазик заедно со сите други јазици од ЕУ, одобрен од сите земји членки, вклучително и Бугарија и Грција, во тоа никој не веруваше во минатото дека може да се случи“, вели Ковачевски.

Тој додаде дека следна работа е што се бараше одржување на прва меѓувладина конференција за почеток на преговорите, и вие имате снимка во која што чешкиот МНР изјавува пред цела сала во Брисел, преговорите со Северна Македонија со ЕУ ги прогласувам за отпочнати“, нагласи Ковачевски.

Тоа можете да го пуштите на нашите граѓани уште еднаш да може да го видат, рече Премиерот.

„Тоа се обврски кои што ЕУ ги исполни. Она што останува да ние го направиме е нормално да го завршиме успешно скрининг процесот и да се изработат другите документи кои што се однесуваат на роадмапите за владеење на право, за демократија и за малцинските права, за сите малцински права, на сите заедници. Во однос на малцинските права сметам дека ние сме лидери во Европа, бидејќи ако постои држава во која малцинските права се заштитени и се унапредуваат и законски и институционално, за што основа е секако Охридскиот рамковен договор, сметам дека таква држава во светот не постои како нашата, во која што секој човек без разлика на неговата етничка припадност може да го планира својот личен и професионален живот во држава која што е еднаква за сите“, истакнува Ковачевски.

Ковачевски вели дека однесувањето на опозицијата и дава алиби на Бугарија.

„Од друга страна опозицијата сакајќи да го одолговлекува процесот, сакајќи повторно да ја внесе државата во изолација, може да и даде можност на Бугарија, да кажете, гледајте тие не сакаат да ги исполнат нашите обврски, а ЕУ ги исполнува своите обврски. Бидејќи ние имаме преговарачка рамка со ЕУ, немаме со Софија преговарачка рамка и скринингот се одвива во Брисел, не се одвива во некој други град. И затоа ако се придржуваме до преговарачката рамка тогаш и нема потреба да се размислува за било какви дополнителни барања од било кого, бидејќи сето она што е наведено е наведено во преговарачката рамка. Нормално дека ние имаме и билатерален договор со Бугарија исто како што имаме билатерален договор со Грција, кој што се одвива на билатерално ниво, кој што се наоѓа во општите одредби на документите со ЕУ, не во посебните бенч маркери и критериуми во кој што се оценува напредокот на државата, согласно копенхачките критериуми и тоа е нешто што е работа на МНР на историската комисија која што работи на паритетна основа и која што не може да донесе ниту една одлука доколку не се сложат сите историчари кои што се членови на Комисијата, а тоа значи сите претставници од нашата држава и сите претставници од соседната држава. Без консензус не може да биде донесено ниту едно решение. Она што до сега било донесено, тоа било донесено со консензус. И тоа што е донесено со консензус на паритетна основа и на реципрочна основа се имплементира во двете држави.

Точно ви објаснив на тоа што ви го кажав, затоа што ако ги погледнете ставовите на опозицијата, а можеби и не ви ги покажале, што ги лиферуваат по странски амбасади, тогаш ќе видите дека тие сакале нешто да додоговаат. Е кога ќе влезат во додоговарање тогаш ќе видите какви се барања можат да добијат од сите страни. Затоа ние имаме усвоена преговарачка рамка, одобрена од 27 земји членки на ЕУ, до која што сите земји на чело со претседателот на ЕС, Шарл Мишел, со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, се придржуваат.“, потенцира Ковачевски.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БугаријаКовачевскиОсманиСеверна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ