Премиерот Димитар Ковачевски денес, 28.03.2022 година (понеделник), ќе учествува на состанокот на шефови на влади на НАТО земјите од Југоисточна Европа кој ќе се одржи во Софија, Република Бугарија.Состанокот се одржува на покана на бугарскиот премиер Кирил Петков, на кој, покрај премиерот Ковачевски ќе учествуваат и премиерите на Романија и Црна Гора – Николае Чука и Здравко Кривокапиќ.
Фокусот на состанокот се предизвиците за регионалната безбедност во контекст на руската инвазија и зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа.