• Latest

Ковачевски: Лидерска може да има во секое време доколку има нешто ново во однос на продолжувањето на евроинтеграциите

August 31, 2023

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски: Лидерска може да има во секое време доколку има нешто ново во однос на продолжувањето на евроинтеграциите

August 31, 2023 13:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Исклучително е значајно за државата да го продолжи своето евро интегрирање од економски аспект и од аспект на геостратешко позиционирање. Сметам дека ги застапуваме западните вредности и дека тоа треба да го валоризираме со членство во Европската Унија пред се заради нашите граѓани. Затоа разговорите ќе продолжат на сите нивоа со цел да се обезбеди поддршка на овој исклучително значаен процес, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Лидерска средба може да има во секое време доколку има нешто ново во однос на продолжувањето на евроинтеграциите на која ќе се разговара за аргументите, а пратениците и онака секојдневно имаат директна комуникација во Собранието. Ние не бараме поддршка за Владата и мене не ми треба поддршка од опозицијата за мене лично. Опозицијата постои за да не го поддржува премиерот и да не ја поддржуваат Владата, но има одговорност да ја поддржи визијата, целта и стратегијата на граѓаните и на државата во кој правец ќе се движи, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешното пуштање  во работа на нов објект на градинка во општина Карпош.

Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ досега не поддржала ни една стратешка одлука на државата и додаде дека токму сега е моментот кога треба да се охрабрат барем еднаш да поддржат стратешка одлука со која, како што кажа, ќе се обезбеди подобра иднина за граѓаните. Оцени дека последната лидерска средба беше успешна.

-Но, она што беше јавно кажано на прес-конференцијата подоцна не беше и финално потврдено од телата на ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ, ДУИ и  другите во владината коалиција кои со свои одлуки точно го потврдија тоа што беше кажано на таа лидерска средба, рече Ковачевски.

Истакна дека и од Европската комисија го поздравуваат почнувањето на процесот за уставни измени во државата.

-За уставните измени нема никакви коментари во однос на содржината на амандманите, бидејќи не задираат во ниту едно идентитетско прашање на македонскиот народ, туку напротив го зацврстуваат мултиетничкиот карактер на државата. Со нив за првпат се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот народ и другите народи, вклучително и бугарскиот народ што досега не било направено често пати не по наша волја, туку по волја на нашите соседи, потенцира Ковачевски.

Tags: интеграцииКовачевскилидерска средба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ