• Latest

Ковачевски: Нѐ очекува најтешката зима досега, однесувањето на опозицијата е неодговорно

May 6, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Нѐ очекува најтешката зима досега, однесувањето на опозицијата е неодговорно

Уценување или за тоа ќе се разговара или нема да има средба јас не прифаќам. Закани, инфантилни закани, одбројвуње, тоа се минати времиња. Ние сме демократска држава, ако мисли претседателот на ВМРО - ДПМНЕ дека се уште живее во времето на неговиот претходник и сегашен ментор кога се организираа на 2 години избори тогаш кога на нему му одговараше тогаш се лаже.

May 6, 2022 13:04
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Лидери се луѓе кои носат одлуки и решаваат прашања кои ги афектираат идните генерации и благосостојбата на граѓаните како и справување на најголемите проблеми со кои тие се соочуваат. Не е лидер тој, кој мисли само на својот личен рејтинг и кој мисли само на тоа, кога ќе бидат наредните избори“, посочи премиерот Димитар Ковачевски вечерва на ТВ 21, коментирајќи ги најавите на опозицијата за активна блокада во Парламентот на Северна Македонија.

Подвлекувајќи дека бојкотот ќе им нанесе штета на граѓаните на нашата земја, кои ги бираат пратениците во Собранието, а не на Владата, Ковачевски оцени дека тоа што го прави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ е најнеодговорното нешто што може некој да го направи во време на најголемата светска, економска криза по  Втората светска војна.

Тој потсети дека и на денот кога се формираше новата Влада нагласи дека заради тешките услови, постојаниот раст на цените на енергенсите, на цените на храната и заради здравствената криза, 2022 година нѐ очекува една од најтешките години.

„Тоа ќе биде најтешката зима затоа велам дека ова однесување на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ е исклучително неодговорно. Собранието е место каде што треба да се носат закони, да се унапредуваат тие закони и каде што треба да се носат брзи решенија заради справување со кризата“, подвлече Ковачевски во дебатниот магазин „Клик“ на ТВ 21.

Тој додаде дека во услови кога гледаме како во Европа сите политички субјекти се обединуваат околу наоѓање на начини за задржување на животниот стандард во државите и преку регионални соработки бараат начини да обезбедат доволно енергенси за претстојната зима, неодговорно е да се врши постојан притисок и блокади на Собранието.

„Меѓутоа уценување или за тоа ќе се разговара или нема да има средба јас не прифаќам. Закани, инфантилни закани, одбројвуње, тоа се минати времиња. Ние сме демократска држава, ако мисли претседателот на ВМРО – ДПМНЕ дека се уште живее во времето на неговиот претходник и сегашен ментор кога се организираа на 2 години избори тогаш кога на нему му одговараше тогаш се лаже. Оваа држава веќе не е заробена држава, ни хибриден режим, ова е демократска држава според независното истражување на ЕКОНОМИСТ,  држава во која се унапредени правата на новинарите според извештајот на Репортери без граници и никогаш нема да се врати назад во тоа време“, истакна премиерот Ковачевски во емисијата на ТВ 21.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ