На Самитот „Отворен Балкан”, свое обраќање имаше и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
Откако ги поздрави учесниците и гостите на Самитот, истакна дека соработката во рамките на Отворен Балкан не е замена за ЕУ, таа ќе помогне земјите од ОБ да се справат со глобалната енергетска и кризата со храна. Со продлабочување на соработката и договорите кои се потпишани и тиe што на овој Самит ќе се потпишат, ќе овозможи полесно да се надмине кризата во земјите учеснички во иницијативата. Ковачевски посочи дека иницијативата е европска, и се базира на политиката на отворени врати.
„Ако сме добри за нас, ќе бидеме добри и за Европа и светот. Наша цел треба да биде, не само административно отварање на границите, туку и целосно безгранична соработка, истакна Ковачевски на крајот од поздравното обраќање.