• Latest

Ковачевски: Никој нема да биде оставен сам да се справува со кризата, ова е време на солидарност, не на изобилство

December 11, 2022
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

November 1, 2025

Украина обвинува за „нуклеарен тероризам“ по руските напади врз енергетската инфраструктура

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Никој нема да биде оставен сам да се справува со кризата, ова е време на солидарност, не на изобилство

December 11, 2022 10:20
in ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
„Ветив дека никој нема сам да се справува со кризата и го исполнив тоа ветување, тоа е мојата цел, тоа е целта на оваа Влада, тоа ни е обврска што ја имаме кон граѓаните – да обезбедиме сигурност, подобра иднина и животен стандард“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во денешното интервју за Медиумската информативна агенција-МИА.

Премиерот Ковачевски рече дека Владата изминатиот период презема повеќе мерки со цел да се ублажат ценовните шокови, да се заштити стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите.
„ Како што повеќе пати имам изјавено, ќе повторам и сега – никој нема да биде оставен сам да се справува во оваа најтешка економско-енергетска криза. Само во 2022, двата пакети антикризни мерки беа во вредност од над 760 милиони евра, најголем пакет поддршка во регионот. Антикризните мерки од последниот пакет веќе се реализираат. Деновиве преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се исплати паричната помош за пензионерите со пензии пониски од 14.000 денари, тоа е првата исплата од четирите исплати како поддршка. Исто така исплатен е и надоместокот за телесно оштетување. Пензионерите кои земаат пензија не поголема од 11.525 денари месечно, добиваат 6.000 денари за период од четири месеци. Пензионерите со пензии од 11.526 денари  до 14.000 денари месечно, добиваат  помош од 3.000 денари за период од четири месеци. Со новиот пакет антикризни мерки обезбедивме 3.000 денари месечно, во наредните 4 месеци или вкупно 12.000 денари за скоро 42.0000 граѓани од најранливите категории“, рече премиерот Ковачевски.
Во интервјуто за МИА, премиерот Ковачевски потенцираше дека со ребалансот на Буџетот се продолжи мерката како што е повластената даночна стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата, а исто така продолжи и програмата за енергетска сиромаштија со која парично и директно се помагаат 4.000 семејства и им се обезбедува да имаат намалени сметки за потрошената електрична енергија или огрев при што овие семејства добиваат до 200 евра помош во текот на годината.
„Компаниите ги ослободуваме од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување. Кој што се дополнителни 26 милиони евра олеснување сé со цел да ја задржиме нивната ликвидност. Од април до сега ја субвенционираме пазарната цена на струјата и тоа со 80%, и да не беше ова субвенционирање, граѓаните би плаќале 5 пати поголеми сметки од тоа што плаќаат. Истото се однесува и на 72 илјади компании на регулираниот пазар кој вработуваат најголем дел од работниците во државата“, рече премиерот Ковачевски.
При тоа, премиерот посочи дека и новиот предлог Буџет за 2023 година, 250 милиони евра се планирани за антикризни мерки, обезбедени се и средства за сите надоместоци за ранливите категории граѓани, невработените, стечајците, гарантираната минимална помош, помош и нега на друго лице, поддршка на лицата со попреченост, за социјалните надоместоци и надоместоците за невработени, како и за активни мерки за вработување на млади лица, лица со попреченост.

„Продолжува  усогласувањето на минималната плата со просечната и трошоците на живот, соодветно на системското утврденото решение, зголемување на платите во образование, и на пензиите по новата утврдена методологија кое зголемување треба да се случи првиот квартал идната година. За пензионерите за следната година се издвоени дополнителни 120 милиони евра повеќе од 2022 или вкупно 1.2 милијарди евра за пензиите кои што се зголемени“, потенцираше премиерот Ковачевски.

Tags: буџетмеркиранливи категории
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ