• Latest

Ковачевски: Носителите на листи и кандидатите за пратеници ќе бидат познати на конгрес последната недела месецов

March 15, 2024

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Ковачевски: Носителите на листи и кандидатите за пратеници ќе бидат познати на конгрес последната недела месецов

March 15, 2024 14:14
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Носителите на листи и кандидатите за пратеници  ќе бидат познати на конгрес на почетокот на последната недела од месецов, изјави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања на настан во Хиподром.

-Веќе информирав дека во СДСМ тече постапката согласно правилникот за кандидирање кандидати за парламентарните избори и според она што е усвоено на Централниот одбор сметам дека и носителите и кандидатите за пратеници ќе бидат познати на јавноста преку одржување конгрес на почетокот на последната недела од овој месец, рече Ковачевски.

Додаде дека носители на листи ќе бидат искусни партиски кадри, членови кои и во минатото извршувале високи позиции во партијата, како и високи позиции во државата.

-Сметам дека истото ќе се однесува и на кандидатите за пратеници во сите изборни единици. Меѓутоа, не би сакал сега да шпекулирам пред да се носат одлуките и на ИО и на ЦО и секако на конгресот кој ќе се одржи некаде на почетокот на последната недела на месец март, кажа Ковачевски.

На новинарско прашање зошто се откажале од поддршка на законот за игри на среќа, и дали тоа значи дека нема да има коалиција со ДУИ, вели дека не сугерира на пратениците како да гласаат.

– Сите мои изјави во однос на кој било закон се јавно достапни, така што колку јас сум бил гласен или помалку гласен тоа е достапно на јавноста и може да цени, а можете и вие да цените. Тој закон доби колку што знам при второто гласање 51 глас што значи дека имало 51 пратеник коишто гласале за него без разлика од која политичка партија доаѓаат. Меѓутоа, тоа е недоволно согласно со нашиот Устав бидејќи при суспензивно вето треба да има 61 глас, така што во однос на гласањето на пратениците ќе мора да се обратите до сите пратеници, до сите политички партии коишто учествуваат во Парламентот за да кажат, бидејќи јас еднаш ви имам кажано дека не сугерирам на пратениците како да гласаат во Парламентот бидејќи пратеник има суверено право како треба да гласа во однос на интересите на граѓаните и во однос на ставот којшто тие го застапуваат во нивно име во Парламентот, оцени тој.

Во однос на изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши дека „оној што ќе изгуби на изборите повеќе не би требало да се занимава со политика“, односно на потпрашањето дали ако СДСМ изгуби тој ќе се повлече од политика, Ковачевски кажа дека не ја слушнал изјавата и не може да коментира.

– Јас сум во СДСМ од 1994 година и од 1994 година досега СДСМ победувал на изборите, СДСМ имал и помалку успешни резултати на изборите и тоа се однесува на сите членови коишто од тоа време се во СДСМ. Тоа е исто како да кажете дека ако на пример фудбалски тим изгуби натпревар тогаш сите тие фудбалери и тренери веќе никогаш да не се занимаваат со фудбал. Навистина не сум ја слушнал изјавата и затоа не можам во детали да ја коментирам, кажа тој.

Меѓутоа, додаде, политичарите се занимаат со политика, тие нудат свои решенија, граѓаните оценуваат, проценуваат што е во нивни интерес и во одреден момент тие поддржуваат една политичка партија, подоцна поддржуваат друга политичка партија, на локално ниво поддржуваат една политичка партија, на државно ниво поддржуваат друга политичка партија.

Tags: КовачевскиСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ