• Latest

Ковачевски: Потребна е храброст и одлучност, Северна Македонија не смее повеќе да биде во чекалната на ЕУ

August 22, 2023

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски: Потребна е храброст и одлучност, Северна Македонија не смее повеќе да биде во чекалната на ЕУ

August 22, 2023 09:15
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред 20 години претставници на Македонија овде беа Бранко Црвенковски и сега веќе покојната Илинка Митрева и ова е најдобро место од каде што треба да се испрати порака дека неносењето одлуки, немањето храброст и немањето одлучност нема да ја помрдне земјата ниту еден милиметар, истакна за МИА премиерот Димитар Ковачевски по средбите во Атина и учеството на неформалната вечера посветена на 20-годишнината од Солунската агенда, а организирана од неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис.

Освен учеството на вечерата заедно со лидерите на ЕУ и лидерите на уште седум земји од регионот, Ковачевски се сретна со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и со претседателката на Молдавија Маја Санду, додека пак за денеска е закажана средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во изјава за МИА, премиерот говори за ЕУ перспективата на земјава, за процесот на уставни измени, но и за регионалната соработка.

Со оглед на тоа што неформалната вечера беше по повод 20-годишнината од Солунската агенда за ЕУ перспективата на Западен Балкан, Ковачевски детално се осврна на важноста на европската иднина на земјава, велејќи дека продолжувањето на европската интеграција е „прво преку изгласување на уставните измени во Собранието, а потоа и отворањето на кластерите, поглавјата, затворање на кластерите и поглавјата, реформирање на нашето општество и зачленување на земјата до 2030 годна во ЕУ“.

-Гледате дека кај нас има сѐ уште политичари, како што имаше и во минатото во однос на тоа дека не треба да се носи таква одлука, и дека требало да се чека, па дури и лидерот на опозицијата ќе изјави дека тој е спремен да чека и 10, и 20 итн години. Најдобра потврда како изгледа чекање седење во чекална е токму овој состанок овде, бидејќи солунскиот состанок се одржа пред точно 20 години. На солунскиот состанок пред 20 години дел од Западен Балкан беше Хрватска, тој беше Самит -ЕУ со Западен Балкан, а во Западен Балкан беше и Хрватска. Ние со Хрватска заедно ја започнавме зачленувањето, пристапувањето кон ЕУ во 2006 година, истакна премиерот.

Додаде дека Хрватска сега веќе е членка на ЕУ, членка на Шенген, и земја во која што платежно средство е еврото, „а ние сѐ уште имаме политичари коишто велат дека треба да се чека“.

-Така како што Хрватска веќе стана земја членка на ЕУ, доколку не носиме одлуки и доколку имаме политичари коишто велат да се чека, тогаш ќе се случи и Црна Гора и Албанија да отидат пред нас и на крај единствено ќе останеме во друштвото на Босна и Херцеговина и Косово. Јас велам дека Северна Македонија не смее да остане во друштво на Босна и Херцеговина и на Косово. Тоа се држави кои сѐ уште имаат проблеми во дефинирањето на државите и нашите деца не заслужуваат нивната држава да биде во тоа друштво во поглед на европските интеграции, затоа одлуките ни се потребни сега заради иднината и на сегашните и на идните генерации, истакна Ковачевски.

Премиерот синоќа одржа средба со претседателката на ЕК фон дер Лајен, а за МИА откри дека разговарале и за европската перспектива на Северна Македонија, но и за регионални прашања.

За уставните измени коишто веќе се наоѓаат во собраниска процедура, Ковачевски рече дека и двајцата изразиле задоволство што е започнат процесот.

-Процесот започна успешно и се надевам, исто како што и ЕУ се надева, дека во нашето Собрание ќе има визија и ќе има храброст пратениците да донесат една важна одлука која што се однесува на продолжување на европската интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, објасни Ковачевски.

На средбата станало збор и за планот за развој за Западен Балкан, промовиран лично од претседателката на ЕК, а што се однесува на зголемување на финансиските средства за финансирање на регионални проекти во земјите од регионот, зголемување на соработката пред се на економската и забрзување на процесот на интеграција на сите земји во ЕУ, а најави и посета на фон дер Лајен на Скопје, но и негова посета на Брисел.

Во однос на тоа дали постои „план Б“ ако опозицијата не отстапи од актуелната позиција, премиерот вели дека „истата таа опозиција беше и против одлуките во однос на зачленувањето на НАТО“, а сега „гледаме колку беа значајни одлуките коишто се донесоа за зачленување“.

Објасни дека благодарение на тие одлуки Северна Македонија е членка на најголемиот одбранбен воен сојуз во светот и „тоа особено се гледа во услови кога во Европа има војна“.

-Ако ги погледнеме економските ефекти од зачленувањето во НАТО ние имаме минатата година најкризна година највиско ниво на странски директни инвестиции. Имаме највисок пораст на просечната плата, највисок пораст на минималната плата, највисок пораст 26 проценти на пензиите во само една и пол година. Тоа е се резултат на еден стабилен политички и безбедносен амбиент во државата којшто овозможува на инвеститорите да ја препознаат Северна Македонија како место за нивните инвестиции, објасни Ковачевски.

Паралелно се осврна и на тоа што би значело зачленувањето во ЕУ, велејќи дека државите кои станале членки, во првите пет години од членството имале зголемување на платите од 70 до 100 проценти, БДП пораснал од 80 до 90 отсто, се зголемил бројот на работни места, но и бројот на малите и средните претпријатија во тие држави.

-Тоа се економски бенефити, ЕУ е создадена како европска економска заедница. Тоа го заслужуваат и нашите граѓани и нашите компании. Тие не заслужуваат чекање постојано. Чекањето видовме како изгледаше. 11 години чекавме. Наместо да го решиме спорот со Грција, ние го одлагавме и на крај беше решен со полошо решение тоа што можеше да биде решен и во 2008 година. И сега не е различно, порача премиерот.

Истакна дека имаме „јасна преговарачка рамка со заштитен македонски јазик, заштитен македонски идентитет со билатералните прашања надвор од критериумите за пристапување во ЕУ и веќе се привршува и скринингот во најголемиот дел од поглавјата“.

-Извештаите веќе се подготвуваат и на државата ѝ останува, на политичкото водство и на сите други актери во општество да се направат потребните реформи со коишто државата ќе стане најдоброто место за живеење за македонските граѓани. Македонските граѓани докажаа и покажаа дека сакаат да живеат во ЕУ. Меѓутоа тие сакат да живеат во ЕУ Северна Македонија, својата родна земја, а не да купуваат пасоши од туѓи држави, со тие пасоши да одат да работат во Германија, Италија и Франција само заради тоа што тие држави се членки на ЕУ, истакна премиерот за МИА

Ковачевски се сретна и со претседателката на Молдавија Маја Санду, за која рече дека била на барање на Санду „со оглед на тоа дека земјата се подготвува за се поизвесниот почеток на преговори со Европската Унија“

-Знаејќи дека Северна Македонија веќе има изградено сериозни капацитети во делот на европските интеграции, во делот на користењето на ИПА фондовите, во делот на користењето на ИПАРД фондовите, усогласувањето на законодавството со ЕУ, ние сме една од земјите со коишто таа сакаше да поразговара во поглед на воспоставување на капацитети во Молдавија за што поподготвени да го дочекаат почетокот на нивниот процес, рече премиерот.

На синоќешната вечера во Премиерската палата во Атина, на која присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Ковачевски за МИА истакна дека била повторена поддршката за Украина „во борбата за одржувањето на нејзината независност и самоопределување на украинскиот народ, меѓутоа уште така уште еднаш се реафирмираше и потребата за проширување на ЕУ со сите земји од регионот“.

За денеска, закажана е средба на премиерот Ковачевски со украинскиот претседател Зеленски, кој е во официјална посета на Грција, а освен што вчера беше на неформалната вечера, се сретна и со грчкиот премиер и грчката претседателка.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕЕУКовачевскиСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ