• Latest

Ковачевски повика на единство за членство во ЕУ

January 18, 2023
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски повика на единство за членство во ЕУ

January 18, 2023 11:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Да бидеме единствени за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Да покажеме единство бидејќи тоа е влог во градењето просперитетна иднина на граѓаните и на државата, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата на која заедно со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ информираа за текот на скрининг процесот.

Ковачевски упати апел до пратениците дека мора да покажат конструктивност во име на граѓаните и единство за благосостојба на нашите граѓани. – Процесот на членство во ЕУ е сложен, но бара континуитет и силна волја, нагласи премиерот.

Следната недела, како што информира тој, почнуваме со билатералниот скрининг за Кластер 2 – „Внатрешен пазар“, а досега е завршен билатералниот скрининг за Кластерот 1 – „Фундаментални вредности“.

– Досега имаме квалитетни презентации во сите поглавја, а коментарите од Европската комисија за досегашните презентации се одлични. Добар процент на усогласеност имаме во правната рамка во носењето на законите, но секако остануваат отворени прашањата на кои треба да се посветиме, а тоа се реформата на јавната администрација, механизмите за владеењето на правото и борбата со корупцијата. Овие теми ќе биат отворени во текот на целиот преговарачки процес и затоа очекувам секоја институција да е на ниво на задачата и одговорно да пристапи кон овој процес, нагласи Ковачевски.

Според премиерот, целта за членство во големото европско семејство до 2030 година не е невозможна цел.

– Имаме јасен план и поставена цел дополнителна движечка сила за побрз реформски процес, сега треба да се фокусираме на спроведувањето на реформската агенда, потенцира Ковачевски.

На прашањето на новинарот од ЦИВИЛ, Дехран Муратов дали со Скрининг процесот се опфатени измените во Изборниот Законик и до каде е реформата во изборните процеси, вицепремиерот Маричиќ со одговор дека постои само еден аспект за којшто Скринигот поврзан со изборите се грижи, а тоа е фер, демократски и слободни избори.

„Тоа е поврзано со препораките со препораките и стандардите на ОБСЕ/ОДИХР. Скринингот со изборите се одвиваше во делот на функционирање на демократски институции, каде што се и Собранието и другите важни елементи на демократијата и таму имаше само еден дел, односно процес процес поврзан со изборите којшто е поврзан со целосна имплементација на извештаите на ОБСЕ/ОДИХР од претходните парламентарни и претходните локални избори“, изјави Маричиќ и додаде дека дел од препораките се спроведени при измените на Изборниот Законик пред локалните избори.

„Останаа дел од препораките од ОБСЕ за парламентарните и локалните избори кои треба да се имплементираат до наредните редовни парламентарни избори 2024. Така што ние имаме обврска на тоа да работиме. Во однос на изборниот модел и таа изборна регулатива, нема препораки од ЕУ. Тоа сепак останува на преференцатаи политичката одлука на секоја држава“, потенцира Маричиќ.

Tags: ЕУкластерКовачевскиМаричиќ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ