• Latest

Ковачевски: Продолжуваме со субвенционирање на 80% од цената на струјата за домаќинствата до крајот на годината,  нема потреба за активирање на стоковите резерви, немаме недостаток на храна и енергенси

June 6, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Продолжуваме со субвенционирање на 80% од цената на струјата за домаќинствата до крајот на годината,  нема потреба за активирање на стоковите резерви, немаме недостаток на храна и енергенси

June 6, 2022 17:57
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На прашањето кога може да се очекуваат нови пакет мерки за граѓаните и компаниите, при посетата на компанијата „МАК ТАБ“ во Пробиштип,  премиерот Ковачевски истакна дека Владата реагираше веднаш на почетокот на енергетската криза, кога го  намали  на ДДВ на електрична енергија и изврши субвенционирање на 80% на сметките на граѓаните, бидејќи 80% од цената на електрична енергија е субвенционирана од страна на државата и  посочи дека тие мерки продолжуваат до крајот на оваа година, информираат од владината прес служба.
Во однос на храната, како што подвлече,  прво беа замрзнати цените на прехранбените продукти, а потоа кога таа мерка го исцрпи својот капацитет,  беа ограничени маржите во мало и големопродажбата.

Во овој момент, истакна Ковачевски, се прави редизајн  на дел од мерките и кога ќе бидат направени сите анализи ќе биде воведен нов сет на мерки.

„Не се сите мерки укинати. Поддршката која се дава на граѓаните со најниски примања е останата на сила, следува усогласување на пензиите во септември. Во најголемиот дел од секторите, во јавниот сектор платите се зголемуваат. Исто така во делот на електрична енергија остануваат мерките до крајот на годината“, рече Ковачевски.

Што се однесува до претстојниот ребаланс на буџетот што е предвиден и предложен во Собранието, веќе се предвидени нови 80 милиони евра за антикризни мерки.

„Знаете дека во пакетот од 400 милиони евра имаше дел кој се однесува на компаниите и тоа повеќе мерки за гарантен фонд за подигнување на кредити, потоа кредити со ниска каматна стапка за одржување на ликвидноста и кредити преку развојната банка и комерцијални банки со субвенционирани камати заради енергетска трансформација и имплементација на обновливи извори на енергија во компаниите. Една од тие компании е и „МАКТАБ“ која информираше дека е во финална фаза на отпочнување на изградба на 6 мегаватна централа која што ќе ја снабдува фабриката со електрична енергија“, истакна Премиерот.

Во однос на цените на производите во малопродажбата, Ковачевски потсети дека веќе и дел од министрите информираа дека нема да се дозволи дел од дистрибутерите да ја злоупотребуваат позицијата на растечки цени од увоз и на тоа да додаваат поголеми маржи.

„Инспекциите ќе работат на терен и ќе нема никаква селективност во инспекциите и спроведување на законот, на добрите практики на однесување во услови на најголема криза“, рече Премиерот.

Премиерот Ковачевски на новинарско прашање истакна дека стоковите резерви се на ниво кое е пропишано со закон и дека тековно се менаџираат и дека нема потреба да се активираат затоа што нема недостаток на храна и енергенси.

„Кога зборуваме за стоковите резерви, веројатно мислите на храната и на нафтени деривати. Во моментов има непречено снабдување со нафтени, кое е постојано од почетокот на кризата бидејќи се снабдуваме од солунското пристаниште и тоа над 70% се работи за нафта која не е од руско потекло туку од друго потекло“, истакна Премиерот.

Во однос на храната, како што подвлече, се управува дневно и неделно во однос на резервите кои ги имаме и кои обезбедуваат непречено снабдување на пазарот во услови кога има недостатоци.

„Ние во моментот немаме недостатоци на храна во државата, бидејќи преку директни контакти со соседните држави доминантно со Република Србија, Грција, Албанија обезбедивме непречен проток прехранбени производи“, рече Ковачевски.

Во однос на цените на производите во малопродажбата, Ковачевски нагласи дека е информиран за одредени злоупотреби и дека нема да се дозволи дел од дистрибутерите да вештачки да ги покачуваат цените со големи маржи.

„Инспекциите ќе работат на терен и ќе нема никаква селективност во инспекциите и спроведување на законот, на добрите практики на однесување во услови на најголема криза“, рече Премиерот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ