Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на самиотот „Отворен Балкан“ што се одржува во Охрид, оствари средба со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.
Тегелтија пред заминувањето за Охрид, испрати писмо до Претседателството на БиХ, во кое покрај информациите за заминување во Охрид бара да се разгледа и да се даде согласност за пристапување на БиХ во иницијативата Отворен Балкан со цел, како што наведува, граѓаните и бизнис заедницата во БиХ да не бидат единствени во регионот изоставени од оваа регионална иницијатива.
Д. М.