Сега е моментот да се обединиме, рамо до рамо, сите, да ја донесеме оваа одлука, заради иднината на сегашните и идните генерации, порача премиерот Димитар Ковачевски во синоќешното гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.
Оваа одлука е за граѓаните на државата, оваа одлука е за обичниот граѓанин на државата, за оној граѓанин кој што станува секое утро и оди на работа. Ова е за оние граѓани кои што работат во медицинските центри во државата, ова е за наставниците, ова е одлука за младите, ова е одлука за земјоделците, ова не е одлука за една мала група на луѓе кои што и со ЕУ и без ЕУ живеат на висока нога, повисока и од некои земји членки на ЕУ. Ова е за граѓаните, за обичниот граѓанин кој што си ја сака својата држава, кој што си ја сака иднината на своите деца да им биде во ЕУ, ама во земја членка на ЕУ – Северна Македонија. А не децата да ни одат во туѓина да живеат во ЕУ, ама во туѓа држава, тоа го заслужуваат граѓаните. Тоа е одлука на највредниот и ова е одлука за највредниот граѓанин на државата, за оној кој што со труд, со пот, со мака, со работа, ја гради државата 32 години, истакна Ковачевски.
Тој оцени дека за процесот се создала хистерија уште од првиот ден, односно од носењето на францускиот предлог.
Вие се сеќавате не е помината ни година, измишљотини се ставаа, ќе сме го изгубеле јазикот. Ете го јазикот во Брисел стои Македонски јазик на преведувачките кабини. Не знам дали бевте присутни на отварачкиот прием. И уште стои, ќе сме го изгубеле идентитетот, сите дојдоа тука да кажат ние сме горди што Македонците ќе станат дел од сајтот на идентитетите на ЕУ. Се зборуваше дека со влегувањето на Бугарите во Уставот ќе сме биле бугаризирани, ќе сме биле асимилирани. На таа прес-конференција после лидерската средба нема ништо од тоа. Затоа што потврда стигна од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е согласно бугарите да влезат во македонскиот Устав и тоа е најголемиот исчекор, врвниот заклучок од таа лидерска средба. Со тоа се трга стравот кој што му се наметнуваше на македонскиот граѓанин, кажа премиерот.