• Latest

Ковачевски со амбасадори на земји членки на ЕУ: Европската перспектива на Северна Македонија е реалност, поддршка за следниот исчекор

February 9, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски со амбасадори на земји членки на ЕУ: Европската перспектива на Северна Македонија е реалност, поддршка за следниот исчекор

February 9, 2023 13:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски имаше состанок со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир и со амбасадори на земји членки на Европската Унија, во нашата држава, информираат од Владата.

Станува збор за редовен годишен состанок со резидентни амбасадори, на којшто, заедно со премиерот Ковачевски, денеска присуствуваа и Артан Груби, првиот заменик на претседателот на Владата, Славица Грковска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања и Бујар Османи, министер за надворешни работи.На состанокот е разговарано за актуелни прашања поврзани со текот на евроинтеграцискиот процес на нашата држава како и за предизвиците во глобален контекст, предизвикани од војната во Украина на економски и безбедносен план.

Пренесена е пораката дека европската перспектива на Република Северна Македонија е реалност и дека државата може да смета на европските партнери и во поддршката за натамошните исчекори во евроинтеграцискиот процес.

Соопштено е дека се почитува лидерството во напредокот на државата и во храбрите и мудри одлуки што се носат во таа насока и дека се вреднуваат постигнувањата на рефомски план.

Најавена е натамошна поддршка и во делот на реформите, бидејки, како што е оценето, евроинтеграциите се опцијата за иднината и квалитетот на живот на граѓаните во Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски и владините претставници изразија благодарност за значајната поддршка на европските партнери во сите важни процеси за демократијата во земјава, при напредокот на Северна Македонија и отворањето на преговорите, во придвижувањето на процесот напред, како и за финансиската поддршка во напорите за надминување на предизвиците во глобалната, економско-енергетска криза.

„Отворени сме како Влада да ги зајакнеме капацитетите на Владата и да го зголемиме парламентарното мнозинство. Наши стратеши партнери се ЕУ и САД и ќе продолжиме да ја развиваме државата во таа насока, којашто носи сигурност и квалитетен живот на граѓаните, со фокус и кон сите реформи и во делот на владеењето на правото. Ние сме граѓанска држава, успешен пример на функционална, мултиетничка демократија, држава на рамноправни граѓани, со еднакви права и обврски и во тоа е нашата големина и вредност. Ќе продолжиме по патот напред, при тоа, со категорична заштита на идентитетските одредници и на достоинството на граѓаните“, рече премиерот Ковачевски.
На состанокот е соопштено дека предвремени избори не се опција, бидејки тие не се поврзани со можноста за напредок на државата, туку за политички агенди што не се во интерес на граѓаните.
„Избрани сме да водиме, Република Сверена Македонија го заслужува членството во Европската Унија, тоа е иднината на државата и ќе продолжиме да ја развиваме по европскиот пат“, рече вицепремиерот Груби.

Во дискусијата, од страна на владините претставници е оценето дека се реалност заканите од растечки национализам за лични и туѓи интереси во државите од Западен Балкан, поради што е неопходно да продолжи проширувањето на Европската Унија.

На состанокот беше потенциран позитивниот тек на скрининг процесот, со очекување дека фокусот при вреднувањето останува на примената на европските стандарди и европските вредности.

Tags: амбасадориЕвропска перспективаЕУПремиер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ