На денешен ден во 1963, во точно 5 часот и 17 минути, накратко запре срцето на Скопје. Катастрофалниот земјотрес однесе многу човечки животи и направи огромна материјална штета. Но, со трудот и пожртвуваноста на скопјани и на пријателите од целиот свет кои несебично подадоа рака, од рушевините се роди едно ново Скопје., напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук, по повод 59 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
„Скопје се сеќава!
На денешен ден во 1963, во точно 5 часот и 17 минути, накратко запре срцето на Скопје. Катастрофалниот земјотрес однесе многу човечки животи и направи огромна материјална штета. Но, со трудот и пожртвуваноста на скопјани и на пријателите од целиот свет кои несебично подадоа рака, од рушевините се роди едно ново Скопје. Скопје кое стана синоним на солидарност, етничка и архитектонска шареноликост, на еден нов, модерен, космополитски дух. Тоа е вистинскиот код на градот.
26 јули е денот кој е најдлабоко врежан во меморијата на Скопје, градот на солидарноста. Тој е потсетник дека имаме должност на новите генерации да им ја пренесеме љубовта, еснафскиот дух и пожртвуваноста со кои градот се градеше и развиваше, но и да им оставиме аманет никогаш да не ги заборават жртвите од катастрофалниот земјотрес на кои денес се сеќаваме и им оддаваме почит.
Слава им!“, напиша Ковачевски.