• Latest

Ковачевски: Социјално-енергетската трансформација треба да се базира на солидарност, соработка и инвестиции

November 22, 2022
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Социјално-енергетската трансформација треба да се базира на солидарност, соработка и инвестиции

November 22, 2022 11:35
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Димитар Ковачевски денеска се обрати на панел дискусија „Социјално-праведна енергетска трансформација на Европа” на која учествуваа Мартин Шулц, претседател на Friedrich-Ebert-Stiftung и поранешен претседател на Европскиот парламент, премиерот на Косово Албин Курти, министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде, и Христина Спасевска проректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Премиерот Ковачевски истакна дека она што треба да се направи за социјално праведна енергетска трансформација на Европа се базира на три принципи а тоа е соработка, инвестиции и солидарност.

„Најпрво да се заблагодарам што Фридрих Еберт фондацијата заедно со нејзиниот претседател се во Скопје по втор пат и што може на ваква тема да разговараме. Тема која е клучна во овој момент и драго ми е тоа што го правиме заедно со исклучително значајни социјалистички и социјалдемократски имиња и во регионот заедно со премиерот Курти, нашата гостинка, министерката Линде.

Поранешниот претседател на Европскиот парламент ги постави основите во тоа што го кажа. Мене ми имаат подготвено говор моите колеги но говорот е подготвен од тоа што јас го правам секој ден. Затоа најпластично сакам да објаснам како изгледа таа социјално еколошка транзиција во услови на растечка инфлација, во услови на недостаток на енергенси и во услови на работа со капацитети кои се изградени во времето на Социјалистичка Југославија.

Најголемиот удар врз дисбалансот на пазарот на електрична енергија дојде после војната којашто Русија ја направи во Украина. Пришто дојде до недостаток на енергенси во Европа и тоа пред сè гасот од кој зависеше и цената на електрична енергија и снабдувањето со електрична енергија. Од еден пазар на електрична енергија којшто пазар долги години беше пазар на купувачи, кадешто купувачите практично кажуваа колку количини им треба и тие ја определуваа цената на електрична енергија сега се наоѓаме во пазар на продавачи бидејќи има недостаток на електрична енергија и тие ја определуваат цената нормално на берза и колку и каде количини ќе бидат испорачани.

Во такви услови она што треба да се направи според мене, треба да се базира на три принципи а тоа е соработка, инвестиции и солидарност.

Ако го погледнеме регионот, регионот помина еден период на долга транзиција од бившиот југословенски систем меѓутоа и од бившиот социјалистички систем на варшавскиот договор, бидејќи државите беа или дел од Југославија или беа дел од Варшавскиот договор. Албанија дури беше и поспецифичен случај на изолирана држава, повеќе како Северна Македонија во тоа време на тие 45 години што ги става исто така во многу тешка ситуација.

Сите земји освен Босна и Херцеговина и Хрватска се увозно зависни на електрична енергија и тоа некаде 17% до 73% на годишно ниво.

Сите произведуваат електрична енергија од стари капацитети коишто капацитети се на лигнит што значи дека тука за екологија не можеме да зборуваме и што единствен пристап до гас имаат до руски гас. Тоа се сите проблеми кои ги имаме на маса.

Од друга страна мора да се обезбеди електрична енергија за функционирање на економијата за функционирање на граѓаните, таа да биде по цена којашто може да ја поднесат и граѓаните и економијата. Ако имате цена која не може да ја поднесат нема да можат да ги платат своите сметки, неплатените сметки во исто време значат неликвидност на енергетскиот систем и недостаток на електрична енергија.

Третата работа, во услови на криза секогаш е добро да се инвестира и да се користи како можност за трансформација. Тоа се основите на кои се градат политиките, јас би рекол на сите држави во овој регион.

Кога ќе ги погледнете стапката на инфлација во ЕУ, стапката на инфлација во регионот. Иста е. Кога ќе погледнете недостаток на електрична енергија во ЕУ и тука, исти се. Кога ќе погледнете цена на електрична енергија во ЕУ и во регионот, исти се. Тоа значи дека и да ни дадат експертиза не знам што би се променило. Но, она што треба да го правиме сите заедно тоа и го потврди Европската комисија за разлика од претходната Европска комисија, посебно претседателката Фон дер Лајен дека може да се обезбеди соработка помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.

Таа е клучна во вклучувањето на земјите од Западен Балкан во заедничкиот пазар за снабдување со гас и енергенси. Во пакетот помош кој не беше наменет само за земјите од ЕУ туку и беше наменет и за земјите од Западен Балкан. Кога зборувам за соработка зборувам за таква соработка. Тоа е нешто за кое мора да се оддаде признание на Европската комисија и особено на претседателката.

Таа соработка се однесува и во делот на инвестиции, бидејќи со војната во Украина има најмалку два парадокси. Едниот е што инфраструктурата што беше градена 50 години а тоа е инфраструктура од исток кон запад за пренос на нафта. Значи Северен тек 1, Северен тек 2 итн., тие практично се нефункционални. Тоа е првиот парадокс. Постоечка инфраструктура веќе не може да се користи.

Вториот е што и Русија со својата непромислена и неоправдана војна во Украина не може да продава веќе енергенси по таа инфраструктура, но мора да продава на исток каде нема инфраструктура. Сега тие ќе треба да градат инфраструктура кон исток, кон Кина, Пакистан итн.

И ние бидејќи ја немаме исток-запад инфраструктурата треба да градиме инфраструктура југ-север, север-југ и запад-исток. Доколку погледнете било кои економски магазини темите се за новите инфраструктури помеѓу Шпанија – Франција, новите ЛНГ терминали во Грција, нови ЛНГ терминали во Албанија, проширување на ЛНГ терминали во Хрватска итн. Тоа е се дел од инфраструктурата која не постои.

Таа инфраструктура во рок од две години не може да се направи бидејќи се работи за инвестиции од милијарди евра. Но, може да се направи побрзо доколку се работи заедно“, рече премиерот Ковачевски.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: енергетикаЗелениКовачевски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ