• Latest

Ковачевски: Старото училиште во Љубојно станува Центар за промоција на македонскиот јазик, го штитиме и афирмираме македонскиот идентитет

January 20, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски: Старото училиште во Љубојно станува Центар за промоција на македонскиот јазик, го штитиме и афирмираме македонскиот идентитет

January 20, 2023 13:47
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска го посети старото училиште „Димитар Влахов“ во преспанското село Љубојно. Премиерот, за време на посетата, најави дека ова училиште ќе се реконструира и ревитализира во Центар за промоција на македонскиот јазик.

„Министерството за култура веќе започна дејствија за реконструкција и ревитализација на објектот на старото училиште, тука во Љубојно, и негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик. Со грижата за овие објекти, коишто се дел од нашето јазично и културно наследство, ја испраќаме пораката дека оваа Влада се определи за заштита и афирмација на македонскиот јазик дома и во светот. И продолжуваме во таа насока, со што го штитиме и афирмираме и нашиот посебен македонски национален идентитет“, рече премиерот Ковачевски, за време на посетата на училиштето во Љубојно.

Зборувајќи за достигнувањата на Владата, премиерот Ковачевски го нагласи и значењето на македонскиот јазик во глобални рамки, набројувајќи го договорот ФРОНТЕКС, потпишан на македонски јазик, како и официјализирањето на македонскиот јазик во ООН и ЕУ.

„Во овој преспански крај, кога го потпишавме договорот со којшто го осигуравме членството во НАТО, со што ги осигуравме и територијалните граници на нашата татковина, се обврзавме на целосна заштита и на македонскиот јазик и на нашиот посебен македонски идентитет. И денес за сите е јасно дека ние го исполнуваме ветеното.

Како Влада, активно продолжуваме со посветеноста кон нашето историско и културно наследство што нè дефинира и нè определува како народ и како држава“, порача премиерот Ковачевски.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, на настанот потенцираше дека не го заборавиле старото училиште во Преспа, кое, како што рече, за прв пат почнало со настава на македонски јазик на 15-ти ноември 1944 година.

„Владата, Министерството за култура и Завод и музеј Битола си дадоа задача – објектот со имотен лист број 55 да заживее во чест на македонските дејци и во спомен на сите просветни работници. Да стане собиралиште на лингвистите, педагозите, наставниците и професорите по македонски јазик. Да остане како паметник за генерациите по нас дека темелите на ова здание се всушност историски темели на образованието на мајчин, македонски јазик, столбот на нашиот идентитет“, изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевскa.

Владата на 119-та седница, одлучи старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно да се ревитализира во Центар за промоција на македонскиот јазик.

Објектот на старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно е изграден во 1907 година на местото кадешто функционирала постара градба со оваа намена уште од 1882 година. Според исклучителните архитектонски карактеристики, овој монументален објект има фасади декорирани во неокласичен стил со посебно нагласена челна страна, која, во делот на покривот има богато украсен тимпанон. Изградена е во масивен систем, со визба, приземје и кат, просторно расчленет на осум простории. Иако објектот кон крајот на 20. век страдал во пожар, сепак неговиот надворешен изглед, монументалноста и основните конструктивни елементи се зачувани. Покрај неговите исклучителни архитектонски особености, старото училиште „Димитар Влахов“ има исклучителни општествено-социјални и историски вредности со национален предзнак. Имено, во периодот по Втората светска војна, во ова училиште започнува наставата на македонски јазик и тоа е второто училиште, по Подвис каде се практикува наставниот македонски јазик. Оваа зграда не е заштитена како засебно добро, меѓутоа е во режим на заштита од 2020 година, како дел од споменичната целина село Љубојно. Носител на правото на сопственост на објектот ја има Република Северна Македонија.

Со изработката на соодветна урбанистичко-архитектонска документација, ќе се овозможи негова комплетна реконструкција, во смисла на објект за намена на образовна и научна институција-Центар за промоција на македонскиот јазик. Односно, ќе се уреди начинот на користење на просторот, како и условите за градење на градбите, ќе се спроведе важечката планска документација „Општ акт за село Љубојно“, во село Љубојно, Општина Ресен.

Министерството за култура во рамките на својата Годишна програма за финансирање на објекти од национален интерес во културата за 2022 година го финансираше проектот Изготвување на урбанистичко-архитектонска документација за објектот на Старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно во висина од 163.000 денари.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаКовачевскиЉубојно
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ