• Latest

Уставните измени се потребни за европска Македонија, изборите не се решение, вели Ковачевски

August 17, 2023
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Уставните измени се потребни за европска Македонија, изборите не се решение, вели Ковачевски

August 17, 2023 13:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Осумдесет пратеници се потребни за глас за европска Македонија. На Владата и се потребни 61 пратеник за да може полноправно да одлучува и да работи до изборот на следна влада. Двотретиснкото мнозинство во Собранието за овие уставни измени е императив за секој граѓанин во државата.

Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање зошто смета дека избори не се решение, а нема двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени.

-Вие гледате дека една од клучните теми се животниот стандард, социјалната заштита владеењето на демократијата. Тоа се трите елемнти според кои што ЕУ е најдобра во свет, на ниво на САД и ние како држава се стремиме да ги исполниме тие стандарди. Затоа кога ќе кажеме двотертинско мнозинство или 80 пратеници тие не се потребни за Владата, тие се потребни за граѓаните на оваа држава. Кога почна процесот имаше голем број коментари кои што беа повеќе во насока на правење на хистерија дека Македонија ќе била бугаризирана, ќе сме го изгубеле јазикот, ќе било асимилација. Ништо од тоа не се случи. Еве после една година ние имаме чист загарантиран македонски јазик во ЕУ, потврден преку Договорот Фронтекс, македонскиот идентитет станува дел од мозаикот на идентитети во ЕУ, целото законодавство на ЕУ се преведува веќе на македонски јазик. И поголема меѓународна потврда на јазикот и идентитетот на една држава, од едно такво признание од најголемиот сојуз во Европа нема, рече Ковачевски по посетата на компанијата „Дата Мастер“ во Скопје.

Како втор аргумент тој наведе дека кога се видело дека обвинувањата за бугаризација немаат никаква основа и дека биле демантирани, се бараа гаранции од големите држави дека тие сега стојат зад нашиот идентитет. При тоа нагласи дека една од најголемите ако не и најголемата држава во ЕУ – Германија донесе резолуција во Бундестагот, а во Конгресот во САД исто така има поднесено резолуција во однос на славењето на македонскиот јазик, култура, историјса и идентитет.

-Нема поголеми партнери кои што можат да застанат зад вас од Германија и САД и се разбира ЕК, заменик претседателот на ЕК, претседателот на ЕК, Претседателот на ЕС кој што тука во Скопје кажаа дека преговарачката рамка е многу јасна – што е тоа што ние треба да исполниме, што е тоа што ЕУ треба да исполни. Бидејќи ЕУ го исполни својот дел бидејќи го потпиша Договорото за Фронтекс на чист македонски јазик, одобрен од сите 27 земји членки на ЕУ, да не заборавиме до јули, лани. Никој не можеше да претпоставува дека ќе има договор со ЕУ кој што ќе биде потпишан на сите јазици на ЕУ, одобрен од сите земји на ЕУ, вклучително Бугарија и Грција, посочи премиерот.

Тој воедно додаде дека дебатата која претстои во Собранието за уставните измени ќе им покаже на граѓаните дека е тоа дел од евроинтеграцискиот процес како втора наша стартешка цел, отако вели во однос на амандманите немаше ниту една забелешка на нивниот текст ниту од невладините организации, ниту академската заедница, ниту од политичките партии, бидејќи не задираат во ниту едно идентитетско или кое било друго прашање на македонскиот народ.

-Затоа сметам дека 10-дневната дебата во Собранието е добра можност граѓаните уште еднаш се уверат дека се работи за процес кој што е остварување на втората стратешка цел по членството во НАТО на нашата држава и дека што побрзо го направиме тој процес токолку побрзо ќе станеме и земја членка на ЕУ. За прв пат ветото на нашата држава не доаѓа од надвор туку може да дојде од внатре, рече Ковачевски на новинарско прашање.

Прашан кој е планот на Владата со оглед дека опозициксата ВМРО-ДПМНЕ јасно повтори дека стои на своите позиции против уставните измени, Ковачевски упати критика кон ВМРО-ДПМНЕ дека не објасниле зошто не ги поддржуваат измените, со оглед дека не станува збор за бугарски диктат, бидејќи и ЕУ и САД јасно посочиле дека измените се дел од Преговарачката рамка.

-Тие кажуваа едно време дека ќе ја менуваат преговарачката рамка. Веќе не го кажуваат тоа бидејќи и од ЕУ и од САД со кои имаме стратешки договор дојде дека преговарачката рамка е одобрена од сите земји-членки на ЕУ и дека таа е најдоброто компормисно решение помеѓу 27-те членки на ЕУ и нашата држава. И сега кога и тоа го нема, сега се користи еден збор кој што вели диктат, а вие имате соопштение од бугарското МНР пред извесно време кое вели, да, тоа е преговарачката рамка во која секој треба да си ги оствари своите обврски, рече шефот на Владата.

За барањата на Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити, заедно со уставните измени да се расправа и за албанскиот јазик и за корупцијата, Ковачевски вели дека секој пратеник може да предложи се, и порача дека тие треба да имаат на ум зошто се прават уставните измени.

-Уставните измени се процедура каде што може да се дадат голем број предлози. Не сум ја видел прес-конференцијата и тоа беше кажано претходно. И други партии кажаа работи за корекции во Уставот. Но, на работната група за подготвување на уставните измени беше едногласно донесен предлог за обврските на државата за исполнување на условот од преговарачката рамка. Тоа е она на што Владата работеше. Секој пратеник има право да предложи сè. Но, секогаш треба да се има на ум зошто стратешки одреден процес се прави. Овој процес стратешки се прави за продолжување на патот кон ЕУ, кажа Ковачевски.

Во однос на можноста да се реализира начелниот договор за Влада без ДУИ од лидерската средба од 7 јуни, Ковачевски повтори дека министрите на ДУИ веќе ги подготвија своите оставки и јавно ги објавија, а претседателот на партијата јавно го соопшти тоа. ЦО на СДСМ  пак, одржа седница после таа лидерска средба, на која се формираше работна група составена од партискиот ген секретар, поранешниот генсек, координаторот на пратеничката група кои заедно со него се овластени да разговараат со ВМРО-ДПМНЕ за конкретните ресори кои што би ги имала секоја од партиите во таква влада.

За тоа дали после скринингот кој треба да заврши во ноември, од кој веќе е изготвен и Извештај од ЕК за првиот кластер – темелни вредности, дали ќе се одржи втората меѓувладина конференција и ќе почнат преговорите по кластери, Ковачевски повтори дека за тоа одлучуваат пратениците и партиите во Парламентот и оти сега постои ризикот од внатрешно вето.

-Нема криење после таков Извештај. Тој извештај е многу детален и точно опишува во тие области кои што ги покрива кластерот фундамени што се треба да биде направено. Јас верувам дека Северна Македонија која што покажала во историјата дека може да донесе големи одлуки, многу пати неправедни, мопрамм да кажам бидејќи одлуките кои што ние сме ги носеле и компромисите кои што сме ги правеле никој во светот, а особено не во Европа не ги правел., ние сме ги правеле. Меѓутоа тоа сме го правеле за подобрата иднина на нашите граѓани и при тоа секога сме се воделе од  аманетот кој што ни е оставен за заштитта на македонскиот идентитет, јазик и култура на што сме обврзани и со заклучоците на Собранието на РСМ, порача Ковачевски.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУКовачевскиуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ