• Latest

Владата ќе спроведе се што ќе произлезе од постапките за коридорите 8 и 10д

March 20, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата ќе спроведе се што ќе произлезе од постапките за коридорите 8 и 10д

March 20, 2023 13:05
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ќе постапи во секое време согласно со наодите и заклучоците на која било институција во државата  во однос на проектот за  изградбата на коридорите 8 и 10д, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање дали ќе се раскине договорот за инфраструктурниот проект ако се потврдат објавите што се пласираат во јавноста за избраниот надзор.

Ковачевски потсети дека веќе ги повикал Антикорупциската комисија и Обвинителството да ги испитаат сите информации и врз основа на тоа да донесат одлуки.

-Тоа го потврдивме со тоа што сите документи што се дел од тендерската постапка и што беа спроведени врз основа на Законот за овој проект, изгласан од Собранието и потврден од Уставниот суд, се јавно објавени на Бирото за јавни набавки согласно со сите спроведени процедури. Минатата недела веќе кажав дека сите институции треба да работат согласно своите надлежности, тука пред се мислам на Антикорупциската комисија и на Обвинителството кои што треба секоја информација да ја испитаат и врз основа на тоа да носат одлуки, изјави Ковачевски.

Прашан дали Владата е подготвена да ја повтори тендерската постапка, тој нагласи дека „се што ќе произлезе од овие постапки нормално дека Владата ќе го спроведе“.

Ковачевски минатата недела апелираше Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да постапат околу објавите и сомнежите што се пласираат во јавноста за избраниот надзор за изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д  бидејќи, како што порача тогаш, мора точно да се знае што е шпекулација, а што е вистината во овој голем проект.

Надзорот за проектот го доби конзорциумот ИРД со уште три фирми како подизведувачи, а американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ ќе биде ангажиран и за проектирање и за градба.

Предвидена е изградба на четири автопатски делници во должина од 108,8 километри, а планираната инвестиција е 1,3 милијарди евра, без средствата за експропријација.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Коридор 10-dКоридорот 10
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result