• Latest

Ковачевски: Во Центар Жупа победи владината коалиција, победи прогресот и развојот (ВИДЕО)

August 20, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Ковачевски: Во Центар Жупа победи владината коалиција, победи прогресот и развојот (ВИДЕО)

August 20, 2022 20:44
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот и лидерна СДСМ, Димитар Ковачевски,  вечерва од Центар Жупа, ја честиташе победата на Аријан Ибраим, предложен од ТДП а поддржан од СДСМ.

Заедно со граѓаните сакам да ја честитам победата на Аријан Ибраим за градоначалник на Центар Жупа. Граѓаните на Центар Жупа со својата одлука потврдија дека знаат кој е вистинскиот правец по кој треба да се движи општината но и државата. Граѓаните го поддржаа кандидатот на владејачката коалиција, предложен од ТДП, Аријан Ибраим. Беа победени сите оние деструктивни сили кои сакаа изборите во Центар Жупа да не успеат. Граѓаните знаат дека изборот на градоначалник значи понатамошен развој на општината, понатамошно инфраструктурно развивање на општината и затоа го направија вистинскиот избор, а тоа е Аријан Ибраим,  изјави Ковачевски.

Тој додаде дека градоначалникот и владината коалиција имаат многу помогнато досега за оваа општина.

– Она што е предвидено во програмата која Аријан Ибраим ја има презентирано пред граѓаните ќе биде реализирано и она што јас како премиер можам да потврдам дека патот до Коџаџик и патот до Праленик ќе бидат поддржани од Владата. Проектите веќе се направени и ќе бидат направени во текот на идниот период, рече Ковачевски..

Лидерот на ТДП изјави дека Ибраим се докажал како градоначакник и претходно и оти со него на чеко ќе продолжат успешните шрокети и Жупа ќе биде пример за една од најдобрите рурални опшштин. 

Старо новиот градоначалник рече дека ова била трета среќа за општината.

-Со оглед дека трети пат имавме избори нашата парола беше прво за доброто на нашата општина да излеземе да гласаме. Самиот цензус, самата излезност покажува дека во тоа успавме, дека нашиот народ ја сака општина Центар Жупа. Второто беше да упатиме порака дека изборите во нашата општина во погрешно време се прават, дека во август секогаш ќе бидеме тука и секогаш не има тука. Многу повеќе од пописот и од други податоци што се. Денеска нашата бројка покажува дека околу 4.000 е излезеност, а ако имавме и против кандат се надевам дека таа бројка ќе беше пет или шест и третото е дека од Турската демократска партија и како коалиција да продолжиме со проектите за доброто на нашиот народ. Денес победи Жупа, рече Ибрам.

Запрашан за тоа што ќе стори за да се задржат младите во општината, старо новиот градоначалник посочи дека тоа е стара болест која потекнува дури од комунизмот до денес.

Со погрешните политики во минатото тоа не може да се поправи со една година или две, или со еден мандат или два или со месеци. Ние напорно работиме. Сепак економската разлика што постои во Европа и тука точно тоа што ние и нашата Владата што сега се залага за Европа е показателот – ако ние не се избедначите со Европа тешко нас. Уште ќе одиме, рече Ибраим при што им се заблагодари на  сите зеа укажаната довера.

Ковачевски во дговор на новинарско прашање се изјасни за изборите во Општина Маврово Ростуше, каде и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ имаат свои кандидати.

– Вие имавте можност да видите дека во текот на изминатите 20-ина дена јас бев многу присутен во сите населени места и во општината Маврово-Ростуше и во општината Тетово, како и во општината Центар Жупа. Нормално дека денес имавме во сите општини еден демократски ден каде што низ демократска атмосфера граѓаните ќе изберат градоначалник, односно извесно избраа градоначалник на Центар Жупа – Аријан Ибраим, а јас очекувам победа на СДСМ и на коалицијата исто така и во Маврово-Ростуше, но да почекаме на официјалните резултати и резултат одличен на владејачката коалиција за советничките избори во Тетово, рече Ковачевски.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ