• Latest

Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам

November 9, 2023

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам

November 9, 2023 14:24
in ВЕСТИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам, истакна премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на 42-та Генерална конференција на УНЕСКО во Париз.

Ковачевски е прв премиер од Република Северна Македонија што се обрати во УНЕСКО, по 30-годишното членство на нашата држава во Организацијата на ОН за образование, наука и култура.

– Огромна е честа да бидам првиот премиер од Република Северна Македонија кој се обраќа од оваа говорница. Задоволството е дотолку поголемо, што ова обраќање се случува во годината кога, како независна и самостојна држава, одбележуваме и триесет години членство во УНЕСКО, истакна Ковачевски.

Тој посочи дека овие два исклучителни важни моменти за нашата современа историја го обврзуваат ова прво премиерско обраќање да го направи на мајчиниот македонски јазик.

-Со тоа, сакам да му се заблагодарам на УНЕСКО за поддршката на многубројни проекти, активности и ресурси важни за нашето мултикултурно општество, за нашето природно и културно наследство, за македонскиот јазик и за другите јазици кои што се зборуваат во Северна Македонија. Затоа што мојата земја е „срцето на балканскиот јазичен контакт“, како што забележа светски познатиот лингвист, проф. Виктор Фридман, посочи Ковачевски.

Воедно, како што истакна, нашата соработка со УНЕСКО датира од 1979-та и 1980-та година, кога нашиот бисер Охридскиот регион, влезе под закрилата на УНЕСКО. И, денес, додаде тој, со гордост е вброен меѓу вкупно 39-те културни и природни наследства во светот.

-Ова за нас значи континуитет, богатство, но и обврска да го чуваме. Ниту еден друг интерес не смее да е поголем од заложбата да се сочува и заштити ова, и наше, и светско, природно и културно добро. Тоа им го должиме на предците и на идните генерации, нагласи премиерот.

Тој посочи дека Охридскиот регион е магичен сплет на природа, историја, религија, уметност и писменост. Во него ќе најдете преку 2500 квадратни метри фрески на византиската уметност во која учествувале и локални македонски мајстори; над 800 скапоцени икони создавани меѓу 11-от и 14-от век; антички мозаици, османлиски џамии; колекции на старословенски, византиски и османлиски ракописи, и што многу работи! И сето тоа расположено околу едно од најстарите и најубави езера во Европа, кое во себе крие голем број ендемски и ретки слатководни видови флора и фауна.

 

Оттука, како што истакна Ковачевски наш императив е да го одржиме интегритетот и автентичноста на Охридскиот регион, во соработка со Центарот за светско наследство на УНЕСКО. И, заедно со Република Албанија да бидеме пример за добрососедска соработка и во заштитата на ова, и заедничко, и универзално добро.

Ковачевски потсети дека на 45-та сесија која се одржа во септември, Комитетот на УНЕСКО за светско наследство го разгледа Извештајот за состојбата со заштитата на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и донесе Одлука со која Комитетот ги уважи нашите заеднички напори, но еднакво и одговорноста за Охридското Езеро и богатото културно наследство за зачувување на престижниот статус на светско наследство.

Додаде дека беа поздравени напорите кои двете земји ги прават во насока на намалување на факторите кои негативно влијаат на исклучителната универзална вредност на Охридскиот регион.

-Од нашата натамошна засилена соработка ќе зависи имплементацијата на посочените мерки за рехабилитација на Регионот. Темелите за неутрализирање на утврдените и потенцијалните закани се поставени, но потребите за заштита на ова добро бараат голема мобилизација за истото да ја зачува својата исклучителна универзална вредност, како и имплементација на итни мерки кои ќе ги зближат сите засегнати страни и ќе се преземат веднаш. Од оваа говорница, повикувам на сплотеност и одговорност во делувањето на секоја власт, истакана премиерот.

Во своето обраќање Ковачевски потенцира дека изминативе 78 години, УНЕСКО придонесе за градење на култура на мир, за искоренување на сиромаштијата, за одржливиот развој и особено за меѓукултурниот дијалог. Во име на граѓаните на Северна Македонија, која, патем е, и, една од основачите на Организацијата на Обединетите нации заедно со останатите пет федерални републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, би сакал, уште еднаш да изразам благодарност до УНЕСКО за посветеноста во создавањето услови за дијалог меѓу цивилизациите, културите и луѓето засновани врз респект кон споделените вредности.

-Потсетувам на овие вредности затоа што, тие, денес, кога беснее војна во Европа и на Блискиот Исток, и кога флагрантно се прекршени нормите и правилата на меѓународниот поредок, истите ни се потребни повеќе од било кога порано! Морална визија преточена во уште поопиплив и поефикасен мултилатерализам, кој секогаш и секаде ќе се спротивставува на одржување на структурите на нееднаквост, на неправдите, и на која било форма на расизам, нагласи македонскиот премиер.

Тој посочи дека демократскиот систем на вредности е под сериозна закана. -Ниту една држава, колку и да е моќна и силна, не може сама да се справи со глобалните предизвици на денешнината. Светот е поделен по разни основи. И затоа, демократиите мора да ја зајакнат својата сплотеност и отпорност, независно од географските, демографските, политичките, економските или културолошките разлики меѓу државите. Во интерес на мирот и стабилноста, неопходно е да се најде најмал заеднички именител. Тоа е единствено можно преку инструментите на ефективниот мултилатеризам, додаде Ковачевски.

Говорејќи за принципите на кои Северна Македонија ја води својата надворешна политика, Ковачевски рече дека тие се израз на внатрешната политика на земјата за градење и одржување на мултикултурна демократија и постојана инклузивност на различностите во демократските процеси, заштита и унапредување на човековите права и правата на различните етнички заедници и ранливите групи. Културата на дијалог и компромиси, иако базирана на превенција на спорови, оди рака под рака со нашата приврзаност кон активниот и ефективен мултилатерализам.

Затоа што, како што потенцираше Ковачевски, токму, мултилатерализмот им овозможува на малите земји да покажат големи успеси, а на големите да ја докажат својата големина. – Но, не, со аргументите на силата, туку со силата на аргументите и со можноста да се издигнат над тесните национални или геополитички интереси, и да ја предводат заедничката акција во интерес на сите, додаде тој.

На крајот од своето обраќање премиерот Ковачевски посочи дека  Република Северна Македонија ќе продолжи да биде активна во зајакнување на мултилатерализмот, во сите меѓународни организации каде што членува, а посебно во УНЕСКО.

-Ќе продолжиме да покажуваме дека од корисник на безбедносни аранжмани пред триесет години, сега сме генератор на безбедноста и стабилноста во регионот и пошироко, и промотор на културата на дијалог, истакна Ковачевски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ