Секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по повод Парадата на гордоста – Скопје прајд 2022.
Затоа грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите, посочи Ковачевски.
Тој додаде дека како Влада посветено работат за да овозможатдобробит на сите граѓани – донесен е Законот за спречување и заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Комисијата за заштита од дискриминација за прв пат има лица и од граѓанскиот сектор.
Има уште предизвици, но заедно и посветено ќе ги решаваме и надминуваме, истакна Ковачевски.
Премиерот додаде дека Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Северна
Македонија, и посака успешен и мирен #SkopjePride
Д.Мишев