„Идниот претседател на државата ќе биде претседателот предложен од СДСМ и коалицијата“, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.
„На парламентарните избори, пак, победник ќе биде проевропската коалиција која ја предводи СДСМ, а јас ќе сум повторно премиер и ќе ја составам наредната проевропска Влада. Тоа ќе биде Владата која ќе го обезбеди членството на Северна Македонија на Европската Унија. Тоа е моето ветување“, потенцираше Ковачевски одговоарајќи на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, за исходот од двата изборни циклуси догодина -кој ќе биде претседател, а кој премиер на Северна Македонија.