2.071 нов случај на КОВИД-19 од направени 6.010 тестови се регистрирани во последните 24 часа, оздравени се 1.450 пациенти, а починале 11 лица, информира Министерството за здравство.
Од новорегистрираните, во Скопје се 1.047 случаи, во Битола 178, Кавадарци 89, Куманово 73, Тетово 66, Гевгелија 63, Прилеп 47, Кочани 42, Велес 41, Гостивар 39, Неготино 37, Струмица 33, Кичево и Ресен по 28, Охрид, Берово и Валандово по 25, Делчево 24, Штип 22, Струга и Радовиш по 21, Свети Николе 14, Крушево и Демир Хисар по 11, Богданци 10, Крива Паланка 9, Македонска Каменица 8, Дебар, Пробиштип, Кратово и Пехчево по 6, Виница и Македонски Брод по 3, Демир Капија и Дојран по 2.
Од вкупниот број на позитивни (2.071), регистрирани се 275 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (66г, 70г, 85г и 91г), 2 од Велес (54г, и 89г) и по едно починато лице од Гевгелија (59г), Струга (86г) и Делчево (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Скопје (84г и 88г). Едното починато лице е пријавено со дата на смрт на 5.01.2022г, додека второто лице е на 20.01.2022г. Пријавените лица се починати во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица (n=11), четири лица се целосно вакцинирани.
Регистрирани сe и 1.450 оздравени пациенти, и тоа во Скопје – 702, Битола- 158, Прилеп – 116, Куманово – 55, Кавадарци – 48, Охрид – 33, Штип – 30, Велес – 28, Струмица – 27, Радовиш – 26, Валандово – 24, Гевгелија – 23, Тетово – 21, Гостивар и Кичево – по 19, Ресен – 16, Кочани, Неготино и Крушево – по 14, Свети Николе – 12, Берово и Пробиштип – по 8, Струга и Крива Паланка – по 7, Богданци – 4, Пехчево и Демир Капија – по 3, Демир Хисар, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 2, Делчево, Дебар и Дојран – по 1.
Направени се 6.010 тестови преку: ИЈЗ-520, ЦЈЗ Скопје-118, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-76, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-23, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–79, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Авицена-270, Биотек-325, Систина-108, лабораторија Лаор-122, Синлаб-61, Ремедика-16, Плодност-111, Генеа-37, Никоб Лаб-658, ВФВ Медикал-73, Ели Медика-68, Ројал Медика–32, Спектра-ММ-51, Рапид Лаб–49, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–9, Рамус-55, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.803.
Досега во земјата се направени вкупно 1.733.866 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 252.947, бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177, а бројот на активни случаи изнесува 19.714, информираа од Министерството.
Ц.Д