• Latest

Кратовалиев: Имаме судска власт којашто се бира и контролира самата себеси!

September 17, 2017

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кратовалиев: Имаме судска власт којашто се бира и контролира самата себеси!

September 17, 2017 11:09
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Адвокатот Константин Кратовалиев, кој на вчерашната конференција „Враќање на одземената правда“ се претстави себеси како адвокат на жртви на системот, а не на обвинети, говори за состојбите во македонското правосудство, Стратегијата за реформи во правосудството и можните решенија и мерки за превенција од злоупотребата на должноста на судиите и јавните обвинители. 

„Поминавме еден период во којшто адвокатите заедно со научната јавност беа на една страна и се бореа против судиите и јавното обвинителство од другата страна. Имавме процеси во кои што јавното обвинителство и јавните обвинители воопшто и не го застапуваа обвинението, процеси во кои судиите забрануваа одредени прашања, кои не дозволуваа, согласно процедурите, да се утврди идентитетот на заштитените сведоци, каде што се отстрануваше јавноста, меѓу кои беше и почитуваниот професор Калајџиев, во процесот во којшто и јас бев бранител. Иако секаде во светот кога постојат заштитени сведоци, се преземаат мерки, како и во нашиот суд, а тоа значи, се модифицира гласот и се замаглува ликот да не може да се види, но јавноста не се исклучува. Затоа што кога веќе сте ги преземале сите мерки за заштита и нема можност да се утврди идентитетот, нема потреба јавноста да се исклучи. Законот за кривична постапка забранува научните работници да бидат исклучени, дури и кога постои систем на повисока заштита на материјалите коишто се применуваат како доказни. Но во изминатиот период ништо од ова не беше почитувано“, изјави Кратовалиев.

Тој истакна дека во последнот период адвокатите се претвориле во потпароли на клиентите, затоа што само на тој начин „можевме мракот којшто се одвиваше во судниците, во инквизицијата, да го изнесеме пред очите на јавноста, за барем малку да се запознаат, со тоа што се случува внатре“.

„Сега сме пред портите на можноста да излеземе од тој инквизициски мрак, во којшто заложник беше целото правосудство на еден системски режим. Во овој момент, сите зборуваме и работиме само на едно, а тоа е дека треба и мора да постои одговорност за оние коишто постапувале по тие процеси. Тоа се лица кои или како судии, или на друг начин биле инволвирани во овие пресуди. Но не заборавајте, тоа е само отстранување на последиците, тоа не е доволно! Се додека не постојат одредби со коишто ќе постои одговорност, којашто ќе врши превенција на можноста од донесување на таквите пресуди. Ние немаме соодветно законодавство со коешто ќе ги заштитиме идните жртви“, вели Кратовалиев.

Околу Стратегијата за реформи во правосудството и можните решенија и мерки за превенција од злоупотреба на должноста од страна на судиите и јавните обвинители тој вели дека во Законот мора да се инкорпорираат одредби кои ќе повикуваат на конкретна одговорност на оние кои ја делат правдата.

„Најголемата санкција во овој момент на оној кој ја дели правдата е тој да го изгуби работното место. А знаете што се случува потоа? Доаѓа во адвокатите и во адвокатската комора. Како може едно лице коешто се покажало во делењето на правдата дека е недостојно да ја задржи својата функција, потоа да влезе во рангот на оние коишто треба да пружат одбрана и да се борат против истиот систем. За да се заштитиме во иднина од можноста да се повтори, случајно или намерно, она што во изминатиот период го поминавме,мора да се инкорпорираат одредби со коишто ќе се повика на конкретна одговорност на оние коишто ја делат правдата“, истакна Кратовалиев.

Тој предлага менување на одредби во системските закони, со кои би се сменил начинот на избор на судиите и начинот на контрола на нивната работа.

„Тоа подразбира во прв ред да се сменат неколку одредби во системските закони за адвокатура и во системските закони за избирање на судиите. Ние имаме единствен куриозитет, каде што Совет од судии ги бира самите судии. Ние имаме судска власт којашто се избира самата себеси. Имаме извршна власт која што е контролирана од парламентарната власт, имаме парламентарна власт којашто секои четири години ја контролира народот, но немаме судска власт којашто некој ја контролира. Таа се контролира самата себеси“, заклучи Кратовалиев.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов

Tags: адвокатизборКонстантин Кратовалиевконтролаправосудствореформи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ